Рак на грло на матка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Esculaap4.svg     Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).



Рак на грло на матка
Blausen 0221 CervicalDysplasia.png
Локација на рак на грло на матка и пример на нормални и абнормални клекти
Класификација и надворешни извори
Специјалност Онкологија
МКБ-10 C53
МКБ-9 180
OMIM 603956
DiseasesDB 2278
MedlinePlus 000893
eMedicine med/324 radio/140
MeSH D002583

Ракот на грло на матка е рак со потекло од грлото на матката - цервиксот.[1] Настанува како резултат на абнормален раст на клетките кои добиваат способност да се шират и да инвадираат други делови од телото.[2] Раните стадиуми се обично асимптоматски. Покасно се јавуваат симптоми како абнормално вагинално крварење, пелвична болка или болка за време на сексуален однос.[1] Иако крварењето за време на сексуален однос може да биде вообичаена појава, во одредени случаи може да биде и знак за постоење на рак на цервикс.[3]

Се смета дека инфекција со Хуман папилома вирус (ХПВ) е вклучена во развојот на повеќе од 90% од случаите на цервикален рак;[4][5] сепак голем број од жените кои имаат ХПВ инфекција не развиваат ваков тип на рак.[6][7] Дргите ризик фактори вклучуваат пушење, ослабен имунитет, орална контрацепција, започнување со сексуален однос во рана возраст и поголем број на сексуални партнери.[1][8] Ракот на грлото на матката обично се развива од претходни преканцерозни лезии во временски период од 10 до 20 години.[6] Постојат неколку типови на рак на цервикс. Околу 90% се од типот на сквамозен карцином, 10% од типот на аденокарцином и помал број отпаѓа на други типови.[8] Дијагнозата се поставува вообичаено со скрининг процедури и биопсија. Имиџинг методи се користат за одредување на проширеноста на ракот.[1]

ХПВ вакцината дава заштита од два до седум високо-ризични типови на оваа фамилија вируси и може да превенира и до 90% од сите случаи на цервикален рак.[9][10][11] Но поради тоа што сè уште постои ризик препорачано е да се продолжи со постојани ПАП тестови.[10] Други мерки на превенција вклучуваат: сексуални односи со помал број на партнери и задолжителна употреба на презервативи.[12] Скринингот со ПАП тест може да ги идентификува преканцерозните промени кои правилно лекувани го превенираат развојот на цервикален рак.[13] Лекувањето на цервикален рак се состои од комбинација на хируршки методи, хемотерапија и радиотерапија.[1] Стапката на пет годишно преживување во САД е 68%.[14] Исходот најчесто зависи од стадиумот во кој ракот се наоѓа во моментот на негово откривање.[8]

На глобално ниво, ракот на грлото на матката е на четврто место на најчест тип на рак и на најчеста причина за смрт од рак кај жените.[6] Во 2012 биле проценети 528,000 случаи на цервикален рак и 266,000 случаи на смрт од цервикален рак.[6] Ова претставува околу 8% од вкупните случаи на рак и случаи на смрт од рак.[15] Приближно 70% од сите случаи се јавуваат во земји во развој.[6] Во неразвиените држави е најчестата причина за смрт од рак,[13] а во развиени земји, распространетата програма за скрининг значајно ја редуцира инциденцата на појава.[16] Најпознатата клеточна линија што се користи во медицинските истражувања позната како ХеЛа е добиена од клетките на цервикалниот рак на Хенриета Лакс.[17]

Симптоми[уреди | уреди извор]

Раните стадиуми од развојот на рак на грло на матка може да бидат асимптоматски.[4][16] Вагинално крварење, контактно крварење (најчесто крварење после сексуален однос), или поретко вагинална туморозна маса може да индицира постоење на малигнитет. Исто така симптомите вклучуваат и лесна болка за време на сексуален однос и вагинален исцедок. Во напредна фаза на болеста голема е веројатноста на присутни метастази најчесто во абдомен и бели дробови.

Симптоми кои се јавуваат во напредна фаза се: губење на апетит, намалување на телесната тежина, замор, пелвична болка, болка во нозете, отекување на нозете, обилно вагинално крварење, коскени фрактури, и ретко протекување на урина или фецес од вагината.[18]

Причинители[уреди | уреди извор]

Најчесто клетките инфицирани со ХПВ заздравуваат, но во одредени случаи вирусот продолжува да се размножува и води до формирање на инвазивен рак.
Приказ на положбата на цервиксот во однос на вагина и утерус и разлики во покривниот епител на внатрешните структури.

Инфекција со одредени високо - ризични типови на Хуман папилома вирус (ХПВ) е најголемиот ризик фактор за појава на карцином на цервикс, а на второ место е пушење.[19] Секако дека не се познати сите причинители, а исто така постојат и други фактои кои го зголемуваат ризикот и придонесуваат кон развојот на болеста.[20]

Хуман папилома вирус[уреди | уреди извор]

Хуман папилома вирус тип 16 и тип 18 се причина за околу 75% од сите случаи на рак на цервикс на глобално ниво, а тип 31 и тип 45 за други 10%.[21]

Со зголемен ризик се жени кои имале поголем број на сексуални партнери (или имале партенр кој претходно имал поголем број на сексуални партнери).[22][23]

Познати се 150-200 типови на ХПВ,[24][25] од кои 15 се класифицирани како високо - ризични (16, 18, 31, 33, 35, 39, 45, 51, 52, 56, 58, 59, 68, 73, and 82), 3 како типови со среден ризик (26, 53, and 66), и 12 како ниско - ризични (6, 11, 40, 42, 43, 44, 54, 61, 70, 72, 81, and CP6108).[26]

Генитални брадавици - кондиломи, кои претставуваат форма на бенигна лезија (тумор) од епителни клетки, се исто така причинети од инфекција во одредени типови на ХПВ, кои обично не се поврзани со развојот на цервикален канцер. Честа е појавата да постои истовремена инфекција со повеќе различни типови на ХПВ.

Генерално се смета дека за да постои рак на грлото на матката е потребно да постои и инфекција со ХПВ.[27]

Пушење[уреди | уреди извор]

Пушењето цигари го зголемува ризикот за развој на цервикален рак. Кај жените кои се активни пушачи со ХПВ инфекција инциденцата за инвазивен канцер е поголема за 2 до 3 пати во однос на непушачите. Пасивното пушење е исто поврзано со зголемен ризик но во помал степен.[28]

Постојат директни и индиректни начини со кои пушењето го зголемува ризикот од развој на цервикален канцер.[29][30][31] Директно влијае така што пушењето само по себе носи зголемен ризик за добивање на ЦИН3 (Цервикална интраепителијална неоплазија), промена со висок потенцијал за прогресија во цервикален канцер.[29] Кога ЦИН3 промена доведува до канцер, најголем дел од ваквите случаи се асоцирани и со присуство и инфекција со ХПВ, но тоа не е секогаш случај па затоа овде пушењето може да се смета како непосредна причина за негов развој.[31] Долгогодишно пушење и поголем број на испушени цигари дневно даваат поголем ризик во однос на краткотрајно и повремено пушење на цигари. [32] Индиректно пушењето влијае така што го помага развојот и одржувањето на ХПВ инфекцијата,[30] а уште повеќе ако кај жената веќе постои инфекција со ХПВ таа има значајно поголем ризик за добивање на цервикален канцер благодарение на пушењето цигари.[32]

Орална контрацепција[уреди | уреди извор]

Долготрајно земање на орални контрацептивни лекови е поврзано со зголемен ризик за цервикален канцер. Жени кои користеле ваков тип на контрацепција во период од 5 до 9 години имаат околу 3 пати повисока инциденца на инвазивен канцер, а оние кои користеле 10 години и подолго имаат околу 4 пати повисок ризик.[28]

Бременост[уреди | уреди извор]

Поголем број на бремености исто така како фактор придонесува во развојот на цервикален канцер и тоа меѓу ХПВ - инфицираните жени оние кои имале седум или повеќе износени бремености имаат 4 пати поголем ризик во споредба со жените кои немале ниту една, а 2 до 3 пати поголем ризик во споредба со жените кои имале една или две износени бремености.[28]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Cervical Cancer Treatment (PDQ®)“. 14 март 2014. http://www.cancer.gov/cancertopics/pdq/treatment/cervical/Patient/page1/AllPages. посет. 24 јуни 2014 г. 
  2. „Defining Cancer“. http://www.cancer.gov/cancertopics/cancerlibrary/what-is-cancer. посет. 10 јуни 2014 г. 
  3. Tarney, CM; Han, J (2014 г). Postcoital bleeding: a review on etiology, diagnosis, and management.. „Obstetrics and gynecology international“ том  2014: 192087. PMID 25045355. 
  4. 4,0 4,1 Kumar V, Abbas AK, Fausto N, Mitchell RN (2007). Robbins Basic Pathology ((8th ed.) издание). Saunders Elsevier. стр. 718–721. ISBN 978-1-4160-2973-1. 
  5. Kufe, Donald (2009). Holland-Frei cancer medicine. (8th ed. издание). New York: McGraw-Hill Medical. стр. 1299. ISBN 9781607950141. http://books.google.ca/books?id=R0FbhLsWHBEC&pg=PA1299. 
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 World Cancer Report 2014. World Health Organization. 2014. стр. Chapter 5.12. ISBN 9283204298. 
  7. Dunne, EF; Park, IU (декември 2013 г). HPV and HPV-associated diseases.. „Infectious disease clinics of North America“ том  27 (4): 765–78. doi:10.1016/j.idc.2013.09.001. PMID 24275269. 
  8. 8,0 8,1 8,2 „Cervical Cancer Treatment (PDQ®)“. 14 март 2014. http://www.cancer.gov/cancertopics/pdq/treatment/cervical/HealthProfessional/page1/AllPages. посет. 25 јуни 2014 г. 
  9. „FDA approves Gardasil 9 for prevention of certain cancers caused by five additional types of HPV“. 10 декември 2014. http://www.fda.gov/NewsEvents/Newsroom/PressAnnouncements/ucm426485.htm. посет. 8 март 2015 г. 
  10. 10,0 10,1 „Human Papillomavirus (HPV) Vaccines“. 29 декември 2011. http://www.cancer.gov/cancertopics/factsheet/prevention/HPV-vaccine. посет. 25 јуни 2014 г. 
  11. Tran, NP; Hung, CF; Roden, R; Wu, TC (2014 г). Control of HPV infection and related cancer through vaccination.. „Recent results in cancer research. Fortschritte der Krebsforschung. Progres dans les recherches sur le cancer“ том  193: 149–71. doi:10.1007/978-3-642-38965-8_9. PMID 24008298. 
  12. „Cervical Cancer Prevention (PDQ®)“. 27 февруари 2014. http://www.cancer.gov/cancertopics/pdq/prevention/cervical/HealthProfessional/page1/AllPages. посет. 25 јуни 2014 г. 
  13. 13,0 13,1 World Health Organization (февруари 2014). „Fact sheet No. 297: Cancer“. http://www.who.int/mediacentre/factsheets/fs297/en/index.html. посет. 24 јуни 2014 г. 
  14. „SEER Stat Fact Sheets: Cervix Uteri Cancer“. http://seer.cancer.gov/statfacts/html/cervix.html. посет. 18 јуни 2014 г. 
  15. World Cancer Report 2014. World Health Organization. 2014. стр. Chapter 1.1. ISBN 9283204298. 
  16. 16,0 16,1 Canavan TP, Doshi NR. Cervical cancer. „Am Fam Physician“ том  61 (5): 1369–76. PMID 10735343. http://www.aafp.org/afp/20000301/1369.html. 
  17. Jr, Charles E. Carraher (2014). Carraher's polymer chemistry (Ninth edition. издание). Boca Raton: Taylor & Francis. стр. 385. ISBN 9781466552036. http://books.google.ca/books?id=YXo0AAAAQBAJ&pg=PA385. 
  18. Nanda, Rita (9 јуни 2006). „Cervical cancer“. MedlinePlus Medical Encyclopedia. National Institutes of Health. http://www.nlm.nih.gov/medlineplus/ency/article/000893.htm. посет. 2 декември 2007 г. 
  19. Gadducci A, Barsotti C, Cosio S, Domenici L, Riccardo Genazzani A. Smoking habit, immune suppression, oral contraceptive use, and hormone replacement therapy use and cervical carcinogenesis: A review of the literature. „Gynecological Endocrinology“ том  27 (8): 597–604. doi:10.3109/09513590.2011.558953. PMID 21438669. 
  20. Stuart Campbell; Ash Monga (2006). Gynaecology by Ten Teachers (18 издание). Hodder Education. ISBN 0-340-81662-7. 
  21. Dillman, edited by Robert K. Oldham, Robert O. (2009). Principles of cancer biotherapy (5th издание). Dordrecht: Springer. стр. 149. ISBN 9789048122899. http://books.google.ca/books?id=emGC_fRJH_IC&pg=PA149. 
  22. „What Causes Cancer of the Cervix?“. American Cancer Society. 30 ноември 2006. архивирано од оригиналот на 13 октомври 2007. http://web.archive.org/web/20071013160516/http://cancer.org/docroot/CRI/content/CRI_2_2_2X_What_causes_cancer_of_the_cervix_Can_it_be_prevented_8.asp?sitearea=. посет. 2 декември 2007 г. 
  23. Marrazzo JM, Koutsky LA, Kiviat NB, Kuypers JM, Stine K. Papanicolaou test screening and prevalence of genital human papillomavirus among women who have sex with women. „Am J Public Health“ том  91 (6): 947–52. doi:10.2105/AJPH.91.6.947. PMID 11392939. 
  24. „HPV Type-Detect“. Medical Diagnostic Laboratories. 30 октомври 2007. архивирано од оригиналот на 27 септември 2007. http://web.archive.org/web/20070927092931/http://www.mdlab.com/html/testing/hpv_typedetect.html. посет. 2 декември 2007 г. 
  25. Gottlieb, Nicole (24 април 2002). „A Primer on HPV“. Benchmarks. National Cancer Institute. http://www.cancer.gov/newscenter/benchmarks-vol2-issue4/page2. посет. 2 декември 2007 г. 
  26. Muñoz N, Bosch FX, de Sanjosé S, Herrero R, Castellsagué X, Shah KV, Snijders PJ, Meijer CJ. Epidemiologic classification of human papillomavirus types associated with cervical cancer. „N. Engl. J. Med.“ том  348 (6): 518–27. doi:10.1056/NEJMoa021641. PMID 12571259. 
  27. Snijders PJ, Steenbergen RD, Heideman DA, Meijer CJ. HPV-mediated cervical carcinogenesis: concepts and clinical implications. „J. Pathol.“ том  208 (2): 152–64. doi:10.1002/path.1866. PMID 16362994. 
  28. 28,0 28,1 28,2 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име NIHNCIHPV2015.
  29. 29,0 29,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име LuhnWalker2013.
  30. 30,0 30,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име GadducciBarsotti2011.
  31. 31,0 31,1 Agorastos T, Miliaras D, Lambropoulos AF, Chrisafi S, Kotsis A, Manthos A, Bontis J. Detection and typing of human papillomavirus DNA in uterine cervices with coexistent grade I and grade III intraepithelial neoplasia: biologic progression or independent lesions?. „European Journal of Obstetrics & Gynecology and Reproductive Biology“ том  121 (1): 99–103. doi:10.1016/j.ejogrb.2004.11.024. ISSN 03012115. PMID 15949888. 
  32. 32,0 32,1 Jensen KE, Schmiedel S, Frederiksen K, Norrild B, Iftner T, Kjær SK. Risk for cervical intraepithelial neoplasia grade 3 or worse in relation to smoking among women with persistent human papillomavirus infection. „Cancer Epidemiology, Biomarkers & Prevention: a Publication of the American Association for Cancer Research, Cosponsored by the American Society of Preventive Oncology“ том  21 (11): 1949–55. doi:10.1158/1055-9965.EPI-12-0663. PMID 23019238. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори