Анте Павелиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Анте Павелиќ
Ante Pavelić
Анте Павелиќ


раководител на Усташите и Поглавник на Независната Држава Хрватска
Мандат
10 април 1941 – 8 мај 1945

Роден 20 април, 1889
Брадина, Австроунгарија Знаме на Австроунгарија
Починал 28 декември, 1959
Мадрид, Шпанија Знаме на Франкова Шпанија
Партија Усташи Знаме на Усташите (1929 – 1945)
Потпис Ante Pavelic's signature.svg

Анте Павелиќ (хрват. Ante Pavelić; 14 јули 1889 во Брадина – 28 декември 1959 во Мадрид) — хрватски генерал, основач и раководител на Усташка Хрватска Револуционерна Организација - Усташи (хрватски UHRO, Ustaše) во 1930-те, а покасно државна глава (Поглавник) на Независната Држава Хрватска (хрватски Nezavisna Država Hrvatska, NDH) за време на Втората светска војна.

Биографија[уреди | уреди извор]

Живот, односи со ВМРО и Поглавник на Независната Држава Хрватска[уреди | уреди извор]

Иван Михајлов и Анте Павелиќ во Загреб, помеѓу 1920-тите и 1930-тите.
Марсејскиот атентат важи за круна на соработката помеѓу ВМРО на Ванчо Михајлов и Усташите на Анте Павелиќ.
Анте Павелиќ го посетува Адолф Хитлер во Баварија, Германија, 1941 година.
Владо Черноземски (во средина) заедно со усташите Мијо Бабиќ и Звонимир Поспишил во логорот за обука во Јанка Пуста, Унгарија.

Анте Павелиќ е роден на 14 јули 1889 година во херцеговското село Брадина, близу градот Коњиц, која денес се наоѓа во рамките на Босна и Херцеговина.

Павелиќ е близок пријател со Иван Михајлов и го поддржува Револуционерното ослободително движење во Македонија.[1] Во 1927 година, во студентскиот процес во Скопје, Анте Павелиќ е адвокат и заштитник на обвинетите членови на Македонската Младинска Тајна Револуционерна Организација. Анте Павелиќ во Виена воспоставил контакт со претставници на македонските емигранти на ВМРО, да тој и неговиот близок соработник Густав Перчец добијат покана за посета на Бугарија. Тие таму се состануваат со претставници на емигрантскиот Македонски национален комитет, најзначајниот настан во текот на таа посета бил донесувањето на познатата „Софијска декларација“ на 20 април 1929, со кој е воспоставена соработката со македонските емигранти.[2]

Во декларацијата е нагласено дека во невозможниот режим во кој се наоѓаат Хрватска и Македонија, подеднакво да ја координираат својата дејност за слобода т.е. потполна независност и на Хрватска и на Македонија. Во 1929 година Анте Павелиќ пристигнува на посета во Софија по покана на Македонскиот Национален Комитет и громогласно е пречекан од околу 10.000 души. По оваа средба, кадешто била донесена и Декларација за создавање на независна Македонија и Хрватска, властите во Белград на суд им изрекле смртни казни на Павелиќ и Перчец, по што тие преминале во илегала. Во исто време и македонските и хрватските емигрантски организации во Америка постигнале спогодба за соработка за нивна заедничка борба против големосрпскиот режим во Југославија. Во Женева повторно дошло до средба помеѓу Анте Павелиќ и Иван Михајлов, на која, покрај разговорите за продолжување на соработката, Павелиќ настојувал да се изврши атентат врз југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ во содејство на усташката организација и ВМРО.

Во 1930 година со помош на Анте Павелиќ во арсеналот на ВМРО влегле 1.000 автоматски пушки, кои биле купени од фабриката „Хајнрих Фолмер". За возврат од страна на ВМРО на располагање на усташката организација и бил испратен специјалист за употреба и ракување со експлозивни материи, а како инструктор на усташките терористи во нивниот логор за обука кој бил стациониран во Јанка Пуста во Унгарија, во 1931 година отишол Кирил Дрангов. Соработката меѓу двете организации продолжила со тоа што на 12 февруари 1933 година во Горна Џумаја, на Великиот собор на македонската емиграција што тогаш ја истакнал паролата за создавање на независна Македонија и се обратил и пратеникот од усташката емиграција со подршка на таа идеја - Марко Дошен. Тој во името на Анте Павелиќ пренесе честитки и истакнал:

најголемиот македонски и хрватски идеал е - слободна и независна македонска држава и слободна и независна хрватска држава.[3]

На 14 април 1933 година Иван Михајлов, Анте Павелиќ и Хасан Приштина изработуваат проект за сојуз помеѓу ВМРО, Усташа и Косовскиот Комитет за заедничко дејствување против Југославија. Возвратната посета во Загреб се одвива во 1942 година. Како резултат почнува да излегува списанието „Загреб - Софија”. Во 1934 Анте Павелиќ учествува во подготовката за убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ и францускиот министер за надворешни работи Луј Барту во атентатот в Марсеј. После тоа Павелиќ е осуден на смрт, но успева да избега во Италија и Мусолини одбива да го предаде на судот.

Во 1941 г. Загреб е освоен од германската армија и усташките лидери ја објавуваат независноста на Хрватска. Павелиќ ја напушта Италија и се враќа во Хрватска на 15 април 1941 г., за да го преземе раководството. Управувањето му е благословено од архиепископот на Хрватска и од папата Пиј XII. После тоа религиозните католички лидери и свештеници добиваат високи позиции во движењето на Павелиќ.[4]

После војната и смрт[уреди | уреди извор]

По поразот на армиите на Оската во самиот крај на Втората светска војна, пред влегувањето на победниците во Хрватска, Павелиќ се спасува во Австрија. Таму е уапсен и затворен. После тоа со помошта на папата Пиј XII е пуштен од затвор и се крие во Ватикан, па бега во Аргентина. Таму го оживува усташкото движење и е советник за безбедност на претседателот Хуан Перон.

Во април 1957 година е застрелан два пати во неуспешен обид за атентат врз него. Обидот е припишан на југословенската тајна полиција на ТитоУДБА, иако не е отфрлена и можноста обидот да е извршен од српски четник. Последователно Павелиќ е принуден да ја напушти Аргентина, за да избегне апсење и екстрадација. Наоѓа азил во Шпанија, каде што умира во Мадрид на крајот на 1959 година, од компликации на раните добиени при атентатот против него.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ванчо Михајлов не ја исполнил задачата на Хитлер“. mn.mk. 
  2. „19 АПИРЛ: На денешен ден“. tatkovina.info. 
  3. Илюстрация „Илинден", кн. 44, март 1933, стр. 5.
  4. „ЦИА открива: Анте Павелиќ се криел во Ватикан преправен во свештеник!“. tocka.com.mk.