Прејди на содржината

Георги Барбаровски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Георги Барбаровски
Роден 6 мај 1949(1949-05-06)(76 г.)
Дабиље, НР Македонија, ФНРЈ
Националност Македонец
Народност Македонец
Занимање Винар и Писател
Роднини Миле Барбаровски (брат)

Георги Барбаровски (р. 6 мај 1949 година во Дабиље, Струмичко) — македонски винар и писател.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Барбаровски е македонски винар, писател и текстописец на македонски народни песни. Кариерата ја почнал како соработник на земјоделскиот весник „Трибина“ (1974). Од 1986 г. се афирмирал во политичко-екомомската рубрика на „Нова Македонија“. Бил член на првиот редакциски состав на „Дневник“, а од февруари 2004 година, заедно со Александар Дамовски е основач и главен редактор на весникот „Време“. Пишувал поезија, раскази, публицистички трудови. Објавил шест поетски книги: „Око и меч“, „Згром“, „Златен дожд“ и „Совршен лов“, „Пеење и натпевање“ и „Струпки“. Тој ги напишал следниве антологиски новосоздадени македонски песни: „Заветна“ и „Ако згрешам нека изгорам“ на Пепи Пафтировски, „Молитва“ од Виолета Томовска, „Ти ме предаде“, „Мала ќе ти е Шар Планина“ на Блага Петреска и „Песната може сè“ со Ефто Пупиновски, „Дали чекаш стара мајчице“, „Ај да беше стрела песнава“ и „Пеам да не заплачам“ на Гоце Арнаудов и „Лична Валандовчанка“ на Кирчо Поплазаров и многу други...[1] Во 2023 година, ја добил наградата за животно дело Златна бубамара на популарноста.[2]

Негов брат е композиторот Миле Барбаровски.

  1. "Струпки" нова поетска книга од Георги Барбаровски“. Канал 5. 23.3.2016. Посетено на 11 март 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. „(Видео) Браќата Барбаровски се закитија со Златна Бубамара на популарноста“. ТВ Вис. 27.3.2023. Архивирано од изворникот на 2024-03-11. Посетено на 12 март 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)