Турбе на Меси-бег

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Стара џамија (Банско))
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стара џамија
Old mosque - Bansko (5).JPG
Основни податоци
МестоБанско, Општина Струмица
ПрипадностИслам
ЕпархијаСтрумица
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилосманлиска архитектура
Особености
Минариња1 (срушено)
Материјаликамен
тула

Турбе на Меси-бег — турбе кој се наоѓа во селото Банско, Општина Струмица.

Покрај турбето се наоѓа полуурнато минаре кое припаѓало на некоја џамија, и стари муслимански гробишта. Турбето припаѓа на затворените типови турбиња со квадратно решение на основата. Засводено е со купола и издигнато на низок полигонален тамбур. Градено е во наизменично поставени редови од камен и тула, а завршува со венец изведен со камен. Турбето е покриено со стари ќерамиди. Надворешниот изглед на турбето делува мошне живописно и заедно со останатите стари гробишта и минарето се вклопува во околниот амбиент[1].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Балабанов, К., А. Николовски, Д. Ќорнаков (1980). Споменици на културата на Македонија. Скопје: Мисла. стр. 133.