Драгомирово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Драгомирово
Драгомирово is located in Македонија
Драгомирово
Местоположба на Драгомирово во Македонија
Координати 41°27′43″N 22°42′35″E / 41.46194° СГШ; 22.70972° ИГД / 41.46194; 22.70972Координати: 41°27′43″N 22°42′35″E / 41.46194° СГШ; 22.70972° ИГД / 41.46194; 22.70972
Регион Југоисточен
Општина Босилово
Население нема жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 220 м
Commons-logo.svg Драгомирово на Ризницата


Драгомирово — историско село во Струмичко, денес на територијата на Општина Босилово.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало во Струмичкото Поле на патот Струмица - Берово, меѓу селата Дабиље и Петралинци.[1] Низ местото поминува реката Турија, околу 1,5 км од нејзината растока со р. Азмак.

Селото денес припаѓа на атар на Босилово.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век Драгомирово било мало село во Струмичката каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Драгомирово (Dragomirovo) се води како село со 20 домаќинства и население од 71 Македонец.[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 195 жители Македонци христијани.[2][4]

На почетокот на XX век жителите на селото потпаднале под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Драгомирово (Dragomirovo) имало 160 Македонци и 12 Роми.[2] Имало училиште со 1 учител и 12 ученици.[5]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Драгомирово

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 145, ISBN 9549514560
  2. 2,0 2,1 2,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 188-189
  4. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 160.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 106-107.