Прејди на содржината

Старо Балдовци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Старо Балдовци

Воздушен поглед на селото Старо Балдовци

Старо Балдовци во рамките на Македонија
Старо Балдовци
Местоположба на Старо Балдовци во Македонија
Старо Балдовци на карта

Карта

Координати 41°27′56″N 22°44′53″E / 41.46556°N 22.74806°E / 41.46556; 22.74806
Регион Југоисточен
Општина Босилово
ОбластСтрумичко Поле
Население во атар1422 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.2430
Повик. бр.034
Шифра на КО27063
Надм. вис.223 м
Старо Балдовци на општинската карта

Атарот на Старо Балдовци во рамките на општината
Старо Балдовци на Ризницата
Објаснувања за населението

1 Државниот завод за статистика го пресметува населението врз основа на бројот на жители кои живеат во рамки на атарот на населеното место
2 Податокот го содржи населението што живее во пописниот круг за населеното место, исклучувајќи ги или додавајќи ги бројот на жители кон други населени места.

Старо Балдовци — село во Општина Босилово, во областа Струмичко Поле, во околината на градот Струмица.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Влезот во селото

Селото се наоѓа речиси во средишниот дел на Струмичкото Поле, на подрачјето на Општина Босилово.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 223 метри. Од градот Струмица, селото е оддалечено 15 километри.[2]

До селото води локален асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1302 кај селото Петралинци.

Историја

[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија.

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот на селото е мал и зафаќа простор од 3,7 километри квадратни. На него доминира обработливото земјиште на површина од 326 хектари, па затоа селото има полјоделска функција.[2]

Во селото имало земјоделска задруга и работат услужни објекти.[2]

Население

[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 година селото се состоело од 20 семејства од кои 74 Македонци.[3][4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 105 жители Турци и 50 Македонци.[5]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Старо Балдовци живееле 27 Турци.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[7]

Селото е мало, коешто во 1961 година броело 181 жител, а во 1994 година бројот се зголемил на 262 жители, од кои 140 биле Македонци, а 122 жители Турци.[2]

Според пописот од 2002 година, селото Старо Балдовци броело 264 жители, од кои 116 Македонци, 124 Турци и 24 останати.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 422 жители, од кои 90 Македонци, 222 Турци, 1 Ром и 109 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 155 — 136 140 181 189 205 267 262 269 422
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
Поглед на основното училиште

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Старо Балдовци било село во Струмичката Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Босилово, која била една од ретките што останала непроменета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Босилово.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струмица. Селото припаѓало на некогашната општина Босилово во периодот од 1955 до 1962 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Босилово, во која покрај селото Старо Балдовци, се наоѓале и селата Босилово, Гечерлија, Дабиле, Дрвош, Еднокуќево, Петралинци, Робово, Сарај и Хамзали. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Петралинци, во која влегувале селата Гечерлија, Дрвош, Петралинци, Сарај, Старо Балдовци, Хамзали и Чанаклија.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1816 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 217 гласачи.[15] На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 240 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Џамии[17]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 1 2 3 4 5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 284. Посетено на 10 октомври 2026.
  3. ↑ Како што е општопознато, Македонците во отоманскиот период од различни автори, но особено во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
  5. ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900.
  6. ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 244.
  7. ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“. Архивирано од изворникот на 2023-08-18. Посетено на 2024-02-05.
  8. ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 10 октомври 2026.
  9. ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  15. ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  16. ↑ „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 3 ноември 2020.
  17. ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]