Дрвош

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дрвош
Drvoš (1).jpg

Улица во селото

Дрвош is located in Македонија
Дрвош
Местоположба на Дрвош во Македонија
Координати 41°30′2″N 22°46′27″E / 41.50056° СГШ; 22.77417° ИГД / 41.50056; 22.77417Координати: 41°30′2″N 22°46′27″E / 41.50056° СГШ; 22.77417° ИГД / 41.50056; 22.77417
Општина Општина Босилово
Население 699 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 370 м
Дрвош на општинската карта
Дрвош во Општина Босилово.svg

Атарот на Дрвош во рамките на општината

Дрвош — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Дрвош

Дрвош се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е одалечен 12 километри.

Надморската височина во селото е 370 метри додека селото зафаќа површина од 23 км2. Од нив, 1.855 хектари се шумско земјиште, додека 284 хектари се обработливо земјиште и 120 хектари се пасишта. Селото има поледелко-шумарска функција[1] Северно од селото се наоѓа планината Огражден.

Историja[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Името Дрвош значи „населба среде дрвјаили „населба среде шума“. И денес селото е опколено со горски дрвја, особено со дабова шума. Најверојатно селото Дрвош било основано во времето на османлиското владеење на овие простори. Според легендата, најпрвин во селото се населиле две семејства, а по нив дошле и други. Со копачење на шумата тие отвориле место за неселба, која во еден турски пописен дефтер од 16 век е спомната со името Дрвош[2].

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, селото се состоело од 130 семејства и 285 жители Македонци и 108 Турци[3][4]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 240 жители Македонци[3][5].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 280 македонски егзархисти.[6].

По започнувањето на Балканските војни, 1 човек бил доброволец во Македонско-одрински доброволни чети[7].

Југославија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ. Селото е споменато во „Оковани радник" (легален орган на КПЈ), во број 8 од 15 октомври 1924 година, во врска со положбата на народот на Струмичката околина во тој период. Според списанието, по дознавањето на околинскиот началник за делување на пет комити во селата Робово и Петралинци, полицискиот писар Јагош спроведел рација во која во Робово уапсил 10 луѓе, во Петралинци 5 луѓе и во Дрвош 6 луѓе бидејќи сметал дела уапсените им помагале на комитите[8].

Македонија[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според Пописот на населението од 2002 година, во селото живееле 699 жители, сите Македонци.[9]

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[10]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 240[5] 280[6] 417 477 566 639 688 699 695 699

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

  • Борба со бикови

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.104.
  2. КОЛЕТКТИВНАТА МЕМОРИЈА ЗАЧУВАНА ВО ТИПИЧНИТЕ ОБИЧАИ И ТРАДИЦИИ НА ОПШТИНА БОСИЛОВО
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
  5. 5,0 5,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.
  6. 6,0 6,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
  7. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 845.
  8. Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969, стр. 316.
  9. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис у Македонији 2002. - Књига 10.
  10. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  11. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]