Константин Држилов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Konstantin-drzilovic.jpg
Роден ?
Држилово, Берско, Егејска Македонија, денес  Грција
Починал 1890
Солун, денес  Грција
Занимање револуционер и книжевник


Константин Динков Држилов(ич) – Динката (?, Држилово, Берско, Егејска Македонија - 1890, Солун) — македонски револуционер, преродбеник, општественик, печатар и книжевник. Учествувал во Негушкото востание, а потоа војувал против Турците во Грција. По преселувањето во Солун се занимавал со трговија и печатарство, а активно се вклучува во антипатријаршиската борба за своја црква, јазик и училишта и во конституирањето на Солунската црковно-училишна општина.


Биографија[уреди | уреди извор]

Константин Држилов е роден во село Држилово, во богато семејство. Учел во грчкото училиште во Мелник.[1] Во 1822 година, потикнато од грчкото востание, заедно со помалиот брат Киријак Држилов зел учество во Негушкото востание. По задушувањето на востанието, при кое било опожарено родното место, заедно со братот и дел од македонските востаници се повлекува на југ, каде се придружиле на грчките востаници. Војуваат против Османлиите се до 1829 година, а по освојувањето на независноста на Грција, Константин и Кирјак живееле во Атина до средината на XIX век.

Околу 1850 година, двајцата браќа се преселиле во Солун, а Константин се занимавал со трговија. Тој му помагал на брат му Кирјак да отвори печатница, каква што немало од затварањето на печатницата на Теодосиј Синаитски.

По многу пречки од страна на грчките црковни власти Киријак и Константин Држилови добиваат дозвола да отворат грчка печатница, во која ќе се печатат грчки, но и книги на македонски јазик со грчки букви. Во 1851 година, печатницата на браќата Држилови со грчки букви и со македонски јазик ги печати во Солун „Канонаме за селата битолски“, а во 1852 година „Неделно евангелие“ (Кониково евангелие) од Павел Божигропски (Солон, Стампа Кирјакова Дарзилен, 1852). Евангелието подготвено од Божигропски од село Кониково, пишувано на воденско наречје денес е особено важно за изучување на македонскиот јазик.

Со печатницата на Држилови работи и книжарница преку која тие распространуваат грчки, руски, бугарски и српски книги и весници. Иако, во печатница биле публикувани грчки учебници, тоа не е доволно за грчките црковни власти.

Константин Држилович активно се вклучил во антипатријаршиската борба и бил еден од најистакнатите борци за црковна независност, формирање на училишта и употребата на мајчиниот јазик. Активно учествувал во борбата за конститурање на Солунската црковно - училишна општина. Согледувајќи дека во борбата за управување со црковно-училишните општини се повеќе го губел влијанието кај славјанското население, грчките првенци и свештество прават големи напори за да се затвори печатницата на Држилови во Солун.

Константин и неговиот брат Киријак одржувале врски со македонските преродбеници и руските конзули. Константин соработувал со Стефан Верковиќ и Георги Раковски. Пишувал за весникот на Георги Раковски „Дунавски лебед“, кој се печател во Белград од 1 септември 1860 до 24 декември 1861 година.

Во 1865 година Константин Држилов станал претседател на Солунската црковно-училишна општина.

Константи Држилов Динката е татко на Георги Динков и Славка Динкова, кои го продолжуваат делото на својот татко и стрико.

Констатин Држилов починал во Солун во 1890 година.[2][3][4]

Родословие[уреди | уреди извор]

 
 
 
 
 
 
 
Динка
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Кирјак Држилов
(? — 1877)
 
 
 
Константин Држилов
(? — 1890)
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Георги Динков
(1839 — 1876)
 
Славка Динкова
(1848 — 1878)
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Димитриос Динкас
(1876 — 1874)
 

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Васил Кънчов. „Избрани произведения“, Том I, София, 1970, стр.141.
  2. Българската възрожденска интелигенция (енциклопедия), ДИ „Д-р Петър Берон“, София, 1988, стр.231.
  3. Парижков, Петър. Фамилията Държилович. „Възрожденски книжари“. София, Наука и изкуство, 1980, стр. 229-231
  4. Снегаров, Иван. „Солун в българската духовна култура: исторически очерк и документи“. София, Придворна печатница, 1937, с. 30-32, 40 (бел. 40)