Киријак Држилович

Од Википедија — слободната енциклопедија
Насловна страна од Кониковското евангелие
Четврта страница од Кониковското евангелие

Киријак Држилович (Неделко Држиловски; почеток на 19 век во Држилово, Воденско, Егејска Македонија — околу 1877во Солун, Егејска Македонија) ― печатар и деец.[1]

Учествувал во грчкото национално ослободително движење од 1821 до 1829 година. По ослободувањето на Грција од турското владеење, извесно време живеел и работел во Атина. Кон средината на 19 век, дошол во Солун. Иако таму отворил грчка печатница, во неа главно печател словенски книги со кирилични букви. Кон печатницата наскоро отворил и книжарница, каде што претежно ги пласирал книгите отпечатени во неговата печатница.[1] Во 1851 година, печатницата на браќата Држилови со грчки букви и со македонски јазик ги печати во Солун „Канонаме за селата битолски“, а во 1852 година „Неделно евангелие“ (Кониковско евангелие) од Павел Божигропски (Солон, Стампа Кирјакова Дарзилен, 1852).[2]

Бил во блиски односи со Партенија Зографски, Димитар Миладинов, Стефан Верковиќ, Венијамин Мачуковски, Димитар Македонски, соработувал со Георги Раковски и со неговиот весник Дунавски лебед. Исто така се грижел и за дистрибуирањето на цариградскиот весник Македонија во Солун и околината,[2] на ениџе-вардарски дијалект.[3]

Двојазичната печатница работела до 1860 година, кога по наговор од грчките првенци во Солун и од воденскиот митрополит, била затворена од солунскиот валија Хусни-паша. Учествувал во преордбенските антипатријаршиски борби за своја црква, јазик и училиште и учествува во конституирањето на солунската црковно-училишна општина. Тој е помал брат на Константин Држилович.[1]

Родословие[уреди | уреди извор]

Динка
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Киријак Држилович
(? — 1877)
Константин Држилович
(? — 1890)
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Ѓорѓи Динков
(1839 — 1876)
Славка Динкова
(1848 — 1869)
 
 
Димитриос Динкас
(1876 — 1874)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 д-р Стојан Киселиновски и д-р (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 167. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  2. 2,0 2,1 Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 494. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
  3. „Првите македонски печатници“. Македонски јазик и литература. 2010-03-16.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]