Димитар Македонски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Димитар Василев Македонски
Димитар Македонски.jpg
македонски преродбеник, просветен деец и учебникар
Роден 1847
Емборе, Македонија
Починал 1898
Цариград, Отоманска империја

Димитар Василев Македонски ( 1847 - 1898 во Цариград, денешен Истанбул) — македонски преродбеник, просветен деец и учебникар. Роден е во селото Емборе, Кајларско, Егејска Македонија во 1847 година. Се школува во Цариград, а потоа учителствува во Клисура, Воден, Струга, Битола и Лом.[1]

Дејствувањето меѓу македонската емиграција[уреди | уреди извор]

Димитар Македонски.

По создавањето на Бугарската држава се населува во Софија. Таму работи најпрво во судството како обвинител, а потоа и како судија. Во 1882 година се запознава со Коста Шахов и учествува во уредувањето на весникот Македонија. Подоцна заминува за Цариград, за да го преземе уредувањето на егзархискиот весник "Новости". Подоцна станува член на Бугарското благотворително друштво во Цариград (1884). На 18.02.1895 година Трајко Китанчев ги повикал сите македонските друштва да испратат свои делегати на Конгресот кој требало да се одржи во Софија следниот месец, целата на овој собир била организирање за дејствување на подобтување на положбата на населението во Македонија. І македонски конгрес започнал со својата работа на 18.03.1895 година и првите три дена се расправало за целата на македонските друштва, притоа на дневен ред имало две точки: Автономија на Македонија или нејзино присоединување кон Бугарија. Димитар Македонски заедно со двајца делегати гласал за присоединување на Македонија кон Бугарија[2][3]

Написи во весникот „Македонија“[уреди | уреди извор]

Книга за Димитар В. Македонски напишана во 1999 од Блаже Ристовски (кликнете за да ја отворите и читате во целост)

Димитар Македонски често пишувал и статии во цариградскиот весник „Македонија“ на македонска национална тематика. Тој уште во 1871 година (16.2.1871) гневно пишува до главниот редактор на весникот Петко Славејков во врска со отсуството на покана за учество на Македонските епархии на Архиепископскиот собор за уредувањето на Бугарската Егзархија:

И jа понаучете си малце историjата ... и ќе се уверите дека Македонците не се цинцари, ниту друг некоj народ, туку се чисти Бугари како вас; од таму ќе се научите уште дека Македонците не се изгубиле од лицето на земјата како што некои си дозволуваат да докажуваат оти колку што ние знаеме тие не се согрешиле некогаш толку та да зине земјата па да ги голтне.[4]

Убиството на Димитар Македонски[уреди | уреди извор]

На 23.02.1898 година (стар стил) во Цариград, Димитар Македонски бил ликвидиран од страна на Ефтим Гештаков, терорист на ТМОРО[5]. Македонски бил убиен од страна на организацијата поради напис во весникот Новини[5]. По објавувањето на написот, учителот Битраков од Охрид истакнал дека Македонски нема да остане жив[5]. Откако веста за неговото убиство пристигнала во Солун, Иван Хаџи Николов, Дамјан Груев, Христо Батанџиев и Христо Матов кои дошол специјално од Скопје, се собрале во Бошњакан и набргу им се придружил сопственикот на анот - Васил Мончев (кој бил меѓу првите членови на организацијата), тогаш Иван Х. Николов сакал да почасти коњак за убиството, а Мончев набргу заминал, и му препорачал на Дамјна Груев повеќе да не доаѓа во гостилницата[5]. Бугарскиот трговски агент во Солун, Атанас Шопов претпоставувал дека ликвидацијата на Македонски била наредена од Задграничното преставништво на ТМОРО во Софија, а неговата ликвидација била извршена од страна на Цариградскиот комитет на чело со Трајчев [5]. Шопов истакнува дека убиството на Димитар Македонски било извршено со цел за да се изврши притисок врз егзархиските чиновници и Бугарската црква (Бугарска егзархија) чие седиште се наоѓало во Цариград за да бидат поставени учители во Македонија попoтребите на ТМОРО [5]. Притоа, Шопов истакнува дека:

Македонски беше лош дух за нив, бидејќи не им го одобруваше поведението, им го поткопуваше влијанието во Цариградското агенство и настојуваше да ги отргне ресенските градинари со кои се служела организацијата[5].

Дела[уреди | уреди извор]

Автор е на 3 учебници, пишувани на македонски народен говор на неговиот роден дијалект со многу црковнословенизми, што ги објавува во печатницата на весникот „Македонија“ во Цариград. Неговите учебници се: Кратка свјаштена историја, за училиштата по Македонија (1867), Буквар за употребление в македонските училишта (1867) и Скратен православен катихизис (превод од грчки, 1868). Првиот учебник е пишуван во вид на прашања и одговори, слично како учебниците на Кузман Шапкарев и другите македонски учебникари. Во него Димитар Македонски тврди дека "Бугарите во Македонија" (како што ги нарекува Македонците) биле покрстени уште од Апостол Павле [6]. По 1878 година се занимавал со журналистика.

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Бугарското самосознание на населението во Македониja во Преродбата, Автор: Илиja Галчев, Издавашство: Софиски Университет „Св. Климент Охридски”, 2005 год. стр. 180.(бугарски).
  2. П. Константин Национлнотоослободително движение в Македония и Тракия 1893-1093, София, 1979
  3. К. Битовски, Македонија и кнежеството Бугарија
  4. „Македонија. Лист за политика и книжевност“, Цариград, 16.02.1871; Билярски, Цочо. Из българския възрожденски печат от 70-те години на ХІХ век по македонския въпрос, Македонски преглед, год. ХХХІІІ, 2000, кн. 4, с. 114-115
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 А. Шопов, Дневник, дипломатически рапорти и писма (ред. А. Пасков). София, 1995
  6. „Кратка свјаштена историја, за училиштата по Македонија", Цариград, 1867, с. 24 - преснимени делови од текста во: "Български възрожденски книжовници во Македония. Избрани страници, София 1983, с. 354