Петралинци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Петралинци
Петралинци is located in Македонија
Петралинци
Местоположба на Петралинци во Македонија
Координати 41°28′14″N 22°43′36″E / 41.47056° СГШ; 22.72667° ИГД / 41.47056; 22.72667Координати: 41°28′14″N 22°43′36″E / 41.47056° СГШ; 22.72667° ИГД / 41.47056; 22.72667
Општина Општина Босилово
Население 605 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2430
Надм. вис. 220 м
Петралинци на општинската карта
Петралинци во Општина Босилово.svg

Атарот на Петралинци во рамките на општината

Петралинци — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Петралинци се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во западниот дел на Општина Босилово, на патот кој води од Струмица кон Берово, во средишниот дел на Струмичка Котлина. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 9 километри.

Надморската височина во селото е 220 метри додека селото зафаќа површина од 3,4 км2. Од нив, 314 хектари се обработливо земјиште[1]

Историja[уреди | уреди извор]

Ран период

Селото Петралинци има старо потекло. На просторот каде денеска се наоѓа селото се откриени епиграфски споменици од римскиот период, кои денес се чуваат во Струмичкиот музеј.

Името Петралинци е изведено од машкото име Петралин и наставката „ци“. Но според народната етимологија, името на селото е изведено од женското лично име Петра (нагалено Петранка, Петралинка во деминутив). Според легендата Петра била убавица на селото. Па покрај македонските момчиња од населбата во неа се заљубил и еден Турчин кој решил да ја грабне. По грабнувањето, нејзините родители многу тагувале за неа, заедно со сите селани. Поради тоа, во нејзино сеќавање населбата била наречена Петралинци[2].

Отоманско Царство

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 105 жители Македонци[3][4]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 24 македонски егзархисти и 6 Роми[3][5].

Во Југославија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на војната, кога се дознало за одлуката дека селото и Струмичкиот крај ќе и припаднат на Бугарија, грчките војски пред да се повлечат од овие простори извршиле голем број на насилства. Селото делумно било опожарено. Во овој период во селото се населиле и македонски бегалци од Кукуш, кои биле протерани од Грција.

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион. Селото е споменато во „Оковани радник" (легален орган на КПЈ), во број 8 од 15 октомври 1924 година, во врска со положбата на народот на Струмичката околина во тој период. Според списанието, по дознавањето на околинскиот началник за делување на пет комити во селата Робово и Петралинци, полицискиот писар Јагош спроведел рација во која во Робово уапсил 10 луѓе, во Петралинци 5 луѓе и во Дрвош 6 луѓе бидејќи сметал дела уапсените им помагале на комитите[6]. До изградбата на првата црква во 1929 година во селото постоела жива христијанска заедница кои своите верски должности и потреби ги извршувале во најблиските католички цркви, пред сé во Радово и Струмица.

По крајот на Втората светска војна, Петралинци било вклучено во рамките на СР Македонија, во составот на СФРЈ.

Православна црква „Св. Ѓорѓи“
Католичка црква „Св. Кирил и Методиј“
Спортско игралиште „Петар Чаулев“
Македонија

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Во 1961 година селото Петралинци имало 330 жители, од кои 314 Македонци и 16 Турци. Во 1994 година во селото живееле 600 луѓе, сите Македонци[1].

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 605 жители. Следува табела на националната структура на населението:[7]

Националност Вкупно
Македонци 602
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 3

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:[8]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 105[4] 30[5] 176 231 330 420 588 585 600 605

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

  • Спортско игралиште „Петар Чаулев“

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.223.
  2. КОЛЕТКТИВНАТА МЕМОРИЈА ЗАЧУВАНА ВО ТИПИЧНИТЕ ОБИЧАИ И ТРАДИЦИИ НА ОПШТИНА БОСИЛОВО
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. 4,0 4,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900.
  5. 5,0 5,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
  6. Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969, стр. 316.
  7. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  8. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]