Гечерлија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гечерлија
Gečerlija (3).jpg

Улица во селото

Гечерлија is located in Македонија
Гечерлија
Местоположба на Гечерлија во Македонија
Координати 41°29′3″N 22°42′46″E / 41.48417° СГШ; 22.71278° ИГД / 41.48417; 22.71278Координати: 41°29′3″N 22°42′46″E / 41.48417° СГШ; 22.71278° ИГД / 41.48417; 22.71278
Општина Општина Босилово
Население 373 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 240 м
Гечерлија на општинската карта
Гечерлија во Општина Босилово.svg

Атарот на Гечерлија во рамките на општината

Гечерлија — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Гечерлија

Гечерлија се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во средишниот дел на Струмичка Котлина и во западниот дел на Општина Босилово. Поради својата должина, неговата територија се издига до сртот на планината Огражден, каде што допира со територијата на Општина Берово. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 11 километри.

Надморската височина во селото е 240 метри, додека селото зафаќа површина од 10,1 км2. Од нив, 427,3 хектари се обработливо земјиште, 465 хектари се шумска површина додека 82,8 се пасишта[1]

Историja[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Во текот на 19 век селото било населено со турско население. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 450 жители Турци[2]. По крајот на Балканските војни, турското население во селото побегнало а на нивно место се населиле бегалци од Егејска Македонија, претежно од Кукуш[3].

Југославија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ. Во текот на 1930-тите и 1940-ите години, во регионот имало голем процент на заболени од маларија. Поради тоа во 1935—1937 година, дел од српските колонисти од селото Гечерлија (Личани и Херцеговци), иако поседувале големо земјиште, биле принудени да ги напуштат своите домови и повторно да се вратат во своите матични домови, бегајќи од маларијата[4].

Македонија[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1961 година селото Гечерлија имало 269 жители. Во 1994 година во селото живееле 394 луѓе, сите Македонци[1].

Според Пописот на населението од 2002 година, селото го има следниот етнички состав:[5]

Националност Население
Македонци 373
Албанци 0
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 0
останати 0


На табелата е прикажан бројот на население низ сите пописни години:[6]

Година 1900 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 450[2] 167 184 269 333 375 376 394 373

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.59.
  2. 2,0 2,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 161.
  3. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 244.
  4. Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969, стр. 305.
  5. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис у Македонији 2002. - Књига 10.
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]