Иловица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ова е статија за селото. За истоименото езеро видете тука, додека за браната видете тука
Иловица
Ilovica.jpg

Поглед кон селото

Иловица is located in Македонија
Иловица
Местоположба на Иловица во Македонија
Координати 41°28′14″N 22°47′54″E / 41.47056° СГШ; 22.79833° ИГД / 41.47056; 22.79833Координати: 41°28′14″N 22°47′54″E / 41.47056° СГШ; 22.79833° ИГД / 41.47056; 22.79833
Општина Општина Босилово
Население 1.907 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 286 м
Иловица на општинската карта
Иловица во Општина Босилово.svg

Атарот на Иловица во рамките на општината
Commons-logo.svg Иловица на Ризницата

Иловица — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Спортска сала

Иловица се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во источниот дел на Струмичка Котлина, во подножјето на планината Огражден, околу 4 километри лево од патот Струмица-Ново Село. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 17 километри.

Надморската височина во селото е 286 метри додека селото зафаќа површина од 22,22 км2. Од нив, 1.289 хектари се шуми, 685 хектари се обработливо земјиште и 113 хектари се пасишта.[1]

Низ селото поминува мала истоимена река, која доаѓа од планината Огражден и го дели селото на два дела.

Историja[уреди | уреди извор]

Ран период[уреди | уреди извор]

Станува збор за постара селска населба, која се претпоставува дека постоела и пред доагањето на Османлиите на Балканскиот Полуостров. Подоцна многу од турското население се иселило од Иловица и заминало за Турција. На нивно место дошле нови жители во селото, претежно Македонци односно бежанци. За ова сведочат црквата и гробиштата во селото. Според едно предание, на местото на старата христијанска црква еден Турчин сакал да гради куќа. Но, кога дознал дека на тоа место некогаш имало христијанска црква, тој веднаш ја откажал градбата. Подоцна, на истото место во почетокот на 20 век била изградена денешната христијанска црква.

За името на населбата постои една легенда. Се раскажува дека во падините на Огражден, живеел некој човек по име Иљо. Тој не можел да ги поднесува насилствата и злоделата на Османлиите, поради што станал ајдутин. Но при еден напад на непријателот, тој бил убиен. Неговата сопруга Иловица, заедно со своите деца, подоцна се преселила во денешната населба. Со тек на времето, тука се населиле и други жители од околните ридско планински села, па така била основана населбата, која според првиот жител била наречена Иловица. Според друго предание, името на селото потекнува од самата локација на селото, од земјиштето на кое е основано, односно по земјата иловица (вид смолеста глина)[2].

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, селото се состоело од 110 семејства од кои 238 жители Македонци и 108 Турци[3][4]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 218 жители Македонци и 750 Турци[3][5].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 224 македонски егзархисти[3][6].

Југославија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ

Македонија[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово.

Во текот на 2000-те на подрачјето на планината Огражден кај Иловица започнале истражување за пронаоѓање на метали од страна на канадската компанија Еуромакс. Во 2012 година било утврдено дека на овој простор лежат речиси 790.000 тони бакар и 130 тони злато и се претпоставува дека овој рудник би можел да биде најголемиот од таков вид во Македонија. Според најавите рудникот треба да започне со работа најдоцна до 2017 година, а ќе бидат вложени над 500 милиони долари и ќе бидат вработени околу 500 лица.[7]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.907 жители[8]. Следува табела на националната структура на населението за пописите од 1948 - 2002 година:

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 1 267
1953 1 058 200 113 1 1 1 373
1961 1 303 250 3 1 1 557
1971 1 503 219 2 1 724
1981 1 754 251 37 2 042
1991 1 622 305 19 1 946
1994 1 602 242 41 27 1 912
2002 1 611 239 19 1 37 1 907

Според бројот на жители, Иловица е голема населба со доста стабилна демографска положба. Имајќи ги предвид пописните резултати, може да се констатира дека во селото не се забележани миграциски движења во голема мера.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Во селото се наоѓаат следните знаменитости:

  • Варница. Локалитетот претставува населба од доцноантичко време.
  • Гробишта. Локалитетот претставува населба од доцноантичко време.
  • Крст. Локалитетот претставува могила од римско време.
  • Крива Топола. Локалитетот претставува населба и старохристијанска црква од римско време.
  • Куши Тумба . Локалитетот претставува населба од доцноантичко време.
  • Црквите . Локалитетот претставува населба од римско време[9].
  • Црква Свети Димитриј изградена во 1915 година.
  • Каменот од Иловица претставува камен на кој има отпечатоци од потковица за коњ кој според легендата станува збор за коњот на Александар МАкедонски.
  • Ладна чешма
  • Џамија

Личности[уреди | уреди извор]

  • Ѓорѓи Димчев, Цветан Трендафилов и брат му, дејци на ВМРО[10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.127.
  2. КОЛЕТКТИВНАТА МЕМОРИЈА ЗАЧУВАНА ВО ТИПИЧНИТЕ ОБИЧАИ И ТРАДИЦИИ НА ОПШТИНА БОСИЛОВО
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
  7. „Иловица има потенцијал да прерасне во голем рударски комплекс“. http://sitel.com.mk. конс. 2013-05-01. 
  8. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  9. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  10. Михайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 - 1924, Льовен, 1965, стр. 713.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]