Штука (село)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Штука
Ilovica.jpg

Поглед кон селото

Штука is located in Македонија
Штука
Местоположба на Штука во Македонија
Координати 41°28′0″N 22°49′0″E / 41.46667° СГШ; 22.81667° ИГД / 41.46667; 22.81667Координати: 41°28′0″N 22°49′0″E / 41.46667° СГШ; 22.81667° ИГД / 41.46667; 22.81667
Општина Општина Босилово
Население 781 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 290 м
Слава Св. Кирил и Методиј
Штука на општинската карта
Штука во Општина Босилово.svg

Атарот на Штука во рамките на општината

Штука — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Штука се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во источниот дел на Струмичка Котлина и во источниот дел на Општина Босилово, на 15 километри од градот Струмица. Селото се наоѓа на планината Огражден.

Надморската височина во селото е 290 метри, додека селото зафаќа површина од 16,4 км2. Од нив, 251 хектари се обработливо земјиште, 1.334 хектари се шуми и 25 хектари се пасишта[1]

Историja[уреди | уреди извор]

Ран период[уреди | уреди извор]

На просторот на денешна Штука имало живот уште во предримско време. Тоа го потврдува пронајдената гробна могила од хеленистичкиот период. Во локалитетот Тумба, блиску до селото е откриена и населба од доцноантичко време и од средниот век, а во локалитетот Црквиште се откриени тврдина од доцноантичко време и римохристијанска базилика (црква).

Зборот „Штука“ на местен дијалект значи „вдлабнатина“, „дол“ (во долина). Од самата локација на населбата во долина се претпоставува дека е изведено и името на селото Штука. Според народното предание некогаш овие простори биле исполнети со вода, имало блато. Ѓолската вода била богата со риби. Најмногу ја имало рибата штука, која селаните ја ловеле со кошеви, па дури и со рака, особено во летните месеци кога таа излегувала во плитките води. По изобилството на рибата штука, според легендата населбата што се наоѓала крај блатестото езеро ја нарекле Штука[2].

Од една повелба од 1328 година, со која се потврдува Хрељовото подарување на земји од Струмичко на Хилендарскиот манастир, се гледа дека до ова време како ситни феудалци (пронијари) во селото Штука биле „пронијарите грчки Тутко, Осан, Ласкар и Сидерофан“, кои со припаѓањето на овие села на Хилендар, биле истерани од нив[3].

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Во 19 век Штука било село со мешано население. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Штука е наведено како село со 20 семејства, сите Македонци[4][5]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 105 жители Турци[6].

Југославија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на војната, муслиманското население започнало да ги напушта своите домови, додека на нивно место биле населени македонски бегалци од Егејска Македонија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион. По крајот на Втората светска војна, Штука била вклучено во рамките на СР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 781 жители, сите Македонци.[7]

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[8]

Година 1900 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 105[6] 473 533 639 749 785 856 822 781

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Димитар Станишев (1924 - 2000), член на Политбирото на ЦК на Бугарската комунистичка партиja.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.315.
  2. КОЛЕТКТИВНАТА МЕМОРИЈА ЗАЧУВАНА ВО ТИПИЧНИТЕ ОБИЧАИ И ТРАДИЦИИ НА ОПШТИНА БОСИЛОВО
  3. Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969,.
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
  6. 6,0 6,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900.
  7. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  8. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]