Пилана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Пилана (или стругарница) — објект каде што исечените трупци (балвани) од дрва од шумата се сечат и обработуваат во дрвена граѓа. Пред пронаоѓањето на пиланата, трупците на дрво билe правени на различни рачни начини, како цепење и  стругање, сечење, или почесто со бичкање односно рачно сечење од страна на двајца мажи со посебен вид на пила (бичкија), еден над друг во посебно ископана јама подолу. Најраната позната механичка пилана е пиланата во Хиераполис, римска пилана со напојување со камена стругарница во Хиераполис, Мала Азија која датира уште од 3 век од н.е. Други пилани со водено напојување од 11-тиот век биле широко распространетi во Шпанија и Северна Африка, Блискиот Исток и Централна Азија, и во следните неколку векови, започнале да се шират низ Европа. Принципот на сечење и стругање (бичкање) на дрвото од првичното кружно движење на стругарското тркало било заменето во заемно движење со сечилото. Општо земено, само пилата е во погон под напојување (на вода, гориво или струја), додека трупците дрво мора да бидат рачно поставени за сечење. Првично подобрување на стругарството  развојот на подвижно внесување на трупците, исто така со водено напојување, со цел тие постојано да се движат низ сечилото.

Галерија[уреди | уреди извор]