Црква „Св. Илија“ - Радово
Св. Илија | |
---|---|
Црква „Свети Пророк Илија“ | |
Место | Радово |
Земја | Македонија |
Вероисповед | Католицизам |
Мреж. место | radovo.mk |
Црквата „Свети Пророк Илија“ — католички храм кој се наоѓа во Радово, Општина Босилово.
Историја
[уреди | уреди извор]Еноријатата „Св. Илија“ претставува продолжение на еноријата Св. Илија во село Алексово, денешна Грција, од каде се доселиле најголемиот број на унијатски верници во Радово. Радовската енорија била основана веднаш со пристигнувањето на бегалците од Егејска Македонија. Заедно со нив во селото како бегалци пристигнале и свештениците Ѓорѓи Стојанов и Стојан Пецев. Стојанов со поголемиот дел од верниците заминал во селото Секирник каде ја основал црквата „Св. Никола“, додека во Радово должноста парох ја извршувал до 1916 година Стојан Пецев, кога истата била преземена од свештеникот Неделко Стојчев. Стојчев на таа позиција се задржал до 1918 година кога целиот Струмички крај паднал под српска власт, а самиот свештеник бил протеран.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед кон црквата
-
Поглед кон црквата
-
Поглед кон црквата
-
Поглед кон црквата
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Илија“ - Радово на Ризницата ?