ФК Турново

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
ФК Турново
Logo
Целосно име Фудбалски Клуб Хоризонт Турново
Основан 1950; пред 68 години (1950)
Стадион Стадион Кукуш
Капацитет 1,500
Втора лига - Исток
2017/2018
10ти (исфрлени)
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Домашен дрес
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Гостински дрес

ФК Хоризонт Турново - македонски фудбалски клуб од село Турново, Струмичко.

Историја[уреди | уреди извор]

ФК Хоризонт Турново во својата историја важел како еден реномиран клуб во струмичката општина и пошироко. Постоењето датира од далечната 1950 година од група ентузијаисти како здружение на граѓани. Во периодот кој следува „Хоризонт Турново“ се натпреварува најчесто во Македонската лига на поранешна Југославија. Од осамостојувањето на Р. Македонија е член на Втората македонска лига, а во 2008 година го бележи најголемиот успех како клуб од мало место со 1.000 жители се пласира во Првата македонска фудбалска лига.

Со преземањето на клубот од страна на компанијата „Хоризонт“ на чело со Орце Тодоров (1995 год.), ФК Хоризонт Турново бележи постојан напредок на сите категории во кои се натпреварува.

Во сезоната 2017/18, Хоризонт Турново бил исфрлен од Втората лига - Исток бидејќи не платил котизација за тековната сезона.[1]

Турново во Европа[уреди | уреди извор]

Турново дебитираше на европската сцена во квалификацискиот натпревар од Лига Европа на 4 јули против ФК Судува кој заврши 2-2. Реванш натпреварот се одигра на Арената Филип 2 во Скопје, на 11 јули. На десетина минути пред крајот на натпреварот, Турново имаше негатива од 2-1, меѓутоа Блажевски реализираше од белата точка и обезбеди продолженија и шанса за Турново за пласман во второто коло. Македонските вицешампиони ја искористија шансата, откако беа поуспешни во пенал рулетот, односно голманот Димовски го одбрани шестиот пенал и им донесе голема победа на Хоризонт Турново. На 16 јули, Турново во второто коло од квалификациите се соочи со ФК Хајдук Сплит.

Раководство[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. Поранешниот хит во ПМФЛ и Лига Европа исфрлен од Втората лига“, gol.mk, 7 откомври 2017 (посет. 13 јуни 2018 г).