Туртел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Туртел
Врвот Туртел
Највисока точка
Надм. вис.1.603 м
Координати41°47′48″N 22°26′18″E / 41.79667° СГШ; 22.43833° ИГД / 41.79667; 22.43833
Географија
Туртел на карта

Карта

Матичен венецПлачковица
Искачување
Прво освојувањенепознато
Најлесен патКарбинципланинарски дом „Вртешка“ — одморалиште „Плачковица“ — Туртел

Туртел — врв на планината Плачковица со висина од 1.603 м. Врвот се издига во западниот дел од планината.

Географија[уреди | уреди извор]

Врвот се наоѓа на западниот дел од планината Плачковица, односно од левата страна на долината на Зрновска Река. Од туртелско било кон запад се протега панорамски видик на голема далечина, додека источната страна кон долината на Зрновска Река е густо пошумена.

Во околината на врвот се застапени мермери во геолошка градба, што придонело кон создавање на повеќе пештери. Поради застапеност на мермери во геолошката градба на овој дел, околу Туртел се создале повеќе пештери. Најдолга од нив е Голема Пештера, со должина од околу 600 метри, а од другите пештери познати се Ќуп, Ајдучка, Туртел и Понор. Пештерите главно се лесно достапни и до нив водат обележани патеки.[1]

Правци за искачување[уреди | уреди извор]

Најдобра пристапност до врвот Туртел има од источната страна. Искачувањето започнува по асфалтен пат од селото Карбинци, кој најпрво води до планинарскиот дом „Вртешка“ на надморска висина од 1.107 м, а потоа до одморалиштето „Плачковица“ на надморска висина од околу 1.350 м, од каде што се продолжува до самиот врв.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]