Алтитекне

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Алтитекне
Сари Таш и Алти Текне на Плачковица 02.jpg
Поглед на врвот Алтитекне (во позадина) и Сариташ (во преден план)
Највисока точка
Надм. вис.1.411 м
Координати41°48′54.3″N 22°31′15.5″E / 41.815083° N; 22.520972° E / 41.815083; 22.520972
Географија
Матичен венецПлачковица
Искачување
Прво освојувањенепознато

Алтитекне — врв на планината Плачковица со надморска височина од 1.411 метри. Врвот се издига во северниот дел од планината, на огранката која се испушта од врвот Чупино кон запад.[1]. Врвот Алтитекне се издигнува на северната падина на Плачковица, јужно помеѓу селата Градец и Липец и помеѓу доловите на Градечка и Виничка Река. Потеклото на самиот топоним доаѓа од турскиот јазик со значење на шест (alti) букови издлабени поила, корита за вода, кораб-брод (tekne), какви што има и на неколкуте посилни водни извори во буковата шума под самиот врв.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]