Бела Бука

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бела Бука
Поглед на врвот Бела Бука (од седлото до Сариташ)
Највисока точка
Надм. вис.1.424 м
Координати41°48′08.8″N 22°32′26.7″E / 41.802444° СГШ; 22.540750° ИГД / 41.802444; 22.540750
Географија
Бела Бука на карта
Матичен венецПлачковица
Искачување
Прво освојувањенепознато

Бела Бука — врв на планината Плачковица со надморска височина од 1.424 метри. Врвот се издига во северниот дел од планината, на огранката која се испушта од врвот Чупино кон запад, каде што тој воедно и првиот поистакнат и издаден врв на оваа огранка која започнува веднаш јужно од Чупино и свртува кон запад кај Виничка Бачија.

Врвот Бела Бука се наоѓа длабоко во повнатрешниот дел на билото на Плачковица, помеѓу доловите во изворишните подрачја на Градечка и Виничка Река. На северната падина која стрмно се издигнува над изворот на Виничка Река, до самиот врв е обраснат со густа букова шума, поради чии бели стебла, можно е врвот и гребенот да го добиле името Бела Бука, додека јужната падина на овој врв и грбен која е отворена кон извориштето на Градечка Река и врвовите Лисец и Бел Камен наспроти, е повеќе соголена со доста застапени карпести облици и поразновидна растителност како: зимзелени смреки, брези, буки, лески и даб. На самиот врв и грбен Бела Бука минува обележана планинарска патека која е главната траса за настанот за планинско трчање „Чупино Треил“[1], a воедно е и патеката одена во рамки на Планинарски предизвик „12 Врвови“, со почетна и крајна точка во Виница и Блатец.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. https://www.facebook.com/chupino.trail/