Виничка Река

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Виничка Река
Виничка Река.jpg
Виничка Река во градот Виница
ЗемјаМакедонија Македонија
Слив
Главен извордол западно под врв Чупино на Плачковица
УстиеБрегалница
Сливна повр.2
Физички особености
Проток
  • Просечен:
    3/сек

Виничка Рекарека во Источна Македонија и лева притока на Брегалница. Се наоѓа на северниот дел на планината Плачковица, поминува низ Кочанското Поле и градот Виница и се влева во Брегалница[1]. Во делот за топографија во книгата Материјали по изучувањето на Македонија, македонскиот револуционер Ѓорче Петров, опишувајќи ја Виница меѓу селата на Кочанската Каза, за Виничка Река запишал дека блиску под Виница тече Осојница, а низ неа протекува Градечка Река која под името Виничка се влива во Брегалница ½ час под устието на река Осојница[2].

Течение[уреди | уреди извор]

Главниот извор на Виничка Река се наоѓа високо на северната падина на Плачковица, на надморска височина од 1420 метри, веднаш западно под врвот Чупино, по што во стрмен дол тече во северозападен правец примајќи повеќе повремени мали водотеци. Веднаш источно под гребенот Алти Текне, Виничка Река го менува својот правец на течење кон север каде до ридот Градиште (842 м.н.в) и Бумбарска Чешма навлегува во зарамнетото голо северно подножје на Плачковица. Помеѓу ридовите Дузлук и Добрава каде прима вода од изворот Локва, навлегува во самиот град Виница кој го дели на два дела, по што излегува во рамничарскиот дел на Кочанското Поле каде во близина на селото Јакимово кај котата 371 м.н.в во месноста Јакимовско Поле се влева во еден речен ракавец на Осојница, од каде нејзините води достигнуваат во главната речна артерија Брегалница.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Маркоски, Благоја; Петрушевски, Илија. Реките во Република Македонија. стр. 19.
  2. Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (изд. 2016.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 440. ISBN 978-608-245-113-8.