Првомај (село)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Првомај
Първомай
Црквата „Св. Јован Крстител“
Црквата „Св. Јован Крстител“
Првомај is located in Бугарија
Првомај
Првомај
Местоположба во областа
Првомај is located in Пиринска Македонија
Првомај
Местоположба на Првомај во Општина Петрич и Благоевградската област
Координати: 41°25′N 23°8′E / 41.417° N; 23.133° E / 41.417; 23.133Координати: 41°25′N 23°8′E / 41.417° N; 23.133° E / 41.417; 23.133
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаПетрич
Површина
 • Вкупна6.763 км2 (2,611 ми2)
Надм. вис.&10000000000000118000000118 м
Население (2015)
 • Вкупно3.409
 • Густина0,50/км2 (1,3/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2890
Повик. бр.07427

Првомај (бугарски: Първомай) — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Општинската зграда во селото
Училиште во селото

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Петричко-санданската котлина, во најнискиот дел помеѓу планините Беласица и Огражден, во близина е реката Струмица, која се влева во реката Струма. Климата е преодна средоземна и е погодна за одгледување на сите видови овошје и зеленчук, овошни дрвја и некои суптропски растенија. Зимата е блага, а летото е потопло. Поради климатските промени, зимската сезона постепено исчезнува во последните години. Селото е погодна почетна точка за искачување на Марков Врв и високите делови на планината Огражден.

Селото Првомај се наоѓа на 6 километри западно од Петрич, на надморска висина од 118 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 6.763 км2.

Историја[уреди | уреди извор]

Првомај е една од најмладите населби во Бугарија. Било прогласено за село на 12 декември 1955 година од населба Мендово[1]. Училиштето е најстарата институција од 1947 година. Од прогласувањето на селото до 1987 година селото е општински центар со 26 села во рамките на општината, главно во планината Огражден и во подножјето.

Поголемиот дел од жителите на селото се христијани, мигранти од планинските села во Огражден. Првите доселеници во селото се од Долна Рибница, формирајќи маало во месноста Чалијата. По нив, се населиле жителите на селата Чуричени, Право Брдо, Мендово, Иваново, Кавракирово, Крушица, Гега, Волно, Белтока, Крнџилица, Боровичене, Зојчене, Долене и Дреновца.[2]

Население[3][4][уреди | уреди извор]

Според бројот на жители, селото е во првите 10 од најголемите населби во регионот на Благоевград и е второ по големина село во округот. Селото е поголемо од градовите Белица (3362), Добриништа (2836), Мелник (217) и Хаџидимово (2730), како и општинските центри Струмјани (960), Грмен (1998) и Сатовча (жители од 1944 година). Од 15 март 2017 година, населението во Првомај е 3686 лица со постојана адреса и 3346 лица со тековна адреса[5].

Население на Масли Чифлик по попис[3]
Година 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 258 914 1557 2503 2920 3302 3428 3409
Национален состав на населението
од 2011 гоинад[6]:
Националност Жители Процент
Бугари 2973 99,77%
Останати 6 0,2%
Вкупно 2980
Население по возраст
од 2011 година
[7]:

Личности[уреди | уреди извор]

  • Костадин Попов (Попстојанов) (~1850 – 1904) — македонски војвода, починал во селото

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Мичев, Николай, Петър Коледаров. „Речник на селищата и селищните имена в България 1878-1987“, София, 1989, стр. 224.
  2. Колева, Татяна. Към въпроса за интеграцията на семейните обичаи в новообразуваните селища в Благоевградско, Известия на българското историческо дружество, книга ХХV, София 1967, с. 131.
  3. 3,0 3,1 „Справка за населението на с. Първомай, общ. Петрич, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04.
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  5. Таблица на населението по постоянен и настоящ адрес, ЕСГРАОН, дата 15.03.2017.
  6. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
  7. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]