Тонско Дабе
Тонско Дабе | |
---|---|
Координати: 41°30′N 23°8′E / 41.500° СГШ; 23.133° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Петрич |
Надм. вис. | 781 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 1 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2875 |
Тонско Дабе (бугарски: Тонско дабе) — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во планинска област, на 24 километри североисточно од Петрич, на надморска висина од 781 метри.
Историја
[уреди | уреди извор]Османлиско Царство
[уреди | уреди извор]Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и било во составот на Петричката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Понско дабе чифлик (Ponsco dibé Tchifliq) е село со 15 семејства и 52 Македонци[1][2]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 120 жители, сите Македонци[1][3]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 104 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[1][4].
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, едно лице од селото било доброволец во Македонско-одринските доброволни чети[5].
Бугарија
[уреди | уреди извор]По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Население[1][6]
[уреди | уреди извор]Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 171 | 231 | 258 | 48 | 4 | 5 | 6 | 2 | 2 | 1 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148-149.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 186 – 187.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 883
- ↑ 6,0 6,1 „Справка за населението на с. Тонско Дабе, общ. Петрич, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04.
- ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
|