Боровичене

Од Википедија — слободната енциклопедија
Боровичене
Боровичене is located in Бугарија
Боровичене
Боровичене
Местоположба во областа
Боровичене во рамките на Пиринска Македонија
Боровичене
Местоположба на Боровичене во Општина Петрич и Благоевградската област
Координати: 41°25′N 23°1′E / 41.417° СГШ; 23.017° ИГД / 41.417; 23.017Координати: 41°25′N 23°1′E / 41.417° СГШ; 23.017° ИГД / 41.417; 23.017
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаПетрич
Површина
 • Вкупна622 км2 (240 ми2)
Надм. вис.&10000000000000388000000388 м
Население (2015)
 • Вкупно58
 • Густина0,093/км2 (0,24/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2884
Повик. бр.074204

Боровичене (бугарски: Боравѝчени) — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во планински реон, на 20 километри западно од градот Петрич и на 42 км југоисточно од градот Свети Врач. Атарот на селото зафаќа простор од 622 км2. Селото се наоѓа на надморска висина од 388 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Османлиско Царство[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во османлиски дефтер од 1570 година под името Боровичани, Во истата година, во селото живееле 73 христијански и 3 муслимански семејства.[1]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Боровица (Borovitza) се состоело од 33 куќи, и 102 Македонци.[2][3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 150 жители, сите Македонци.[2][4] Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 136 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Бугарија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. До 1947 година Боровичене било мала на поранешното село Игуменец.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Редовно на христијанскиот празник Илинден луѓето од село Боровичене одржуваат годишни празници во текот на три дена.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр. 598-600.
  2. 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148-149.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 186-187.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]