Коларово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Коларово
Црквата Света Недела
Црквата Света Недела
Коларово is located in Бугарија
Коларово
Коларово
Местоположба во областа
Коларово во рамките на Пиринска Македонија
Коларово
Местоположба на Коларово во Општина Петрич и Благоевградската област
Координати: 41°21′N 23°6′E / 41.350° СГШ; 23.100° ИГД / 41.350; 23.100Координати: 41°21′N 23°6′E / 41.350° СГШ; 23.100° ИГД / 41.350; 23.100
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаПетрич
Површина
 • Вкупна30,299 км2 (11,699 ми2)
Надм. вис.&10000000000000428000000428 м
Население (2015)
 • Вкупно1.989
 • Густина66/км2 (170/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2880
Повик. бр.07423

Коларовосело во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Коларово се наоѓа во полупланинска област, во северниот дел на подножјето на планината Беласица, познато како Подгорје. Сместено е во близина на границата со Грција и околу 10 километри западно од општинскиот центар на Петрич. Јужно од селото е преминот Демир капија (Железна порта), која во минатото ги поврзувала селата од двете страни на Беласица. Селата Елешница и Самоилово се соседни. Селото се наоѓа на надморска висина од 428 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 30.299 км2. Климата е преодна средоземна со летен минимум и зимски максимум на врнежи од дожд (просечни годишни врнежи од дожд од околу 750 мм). На околу 5 километри северно од Коларово тече реката Струмица, лева притока на реката Струма. Почвите се претежно делувијални, алувијални. Населението расте од природен прираст[1].

Историја[уреди | уреди извор]

Антички и средновековен период[уреди | уреди извор]

Коларово има богато историско минато. Во месноста Мусовица, која се наоѓа северно од селото, во 80-тите години на минатиот век била откриена и истражена неолитска населба. Голема античка населба се наоѓала во областа Дебелиштето, северно од селото. На југот на селото во месноста Чуката се наоѓаат остатоци од доцноантичката и средновековна тврдина.

Османлиско Царство[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во османлиски дефтери од 1570 година, во 1664-1665 година. Според првиот дефтер, во 1570 година во селото живееле 10 муслимански семејства и 201 христијански семејства[2], а според вториот, 43 христијански семејства.

Во текот на 19 век, селото било мешано и било во составот на Петричката каза.. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Коларово (Colarovo) е село со 302 семејства од кои 505 муслимани и 160 Македонци[3][4]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1230 жители, од кои 1100 Турци и 130 Македонци[3][5]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 208 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[3][6].

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, шест лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[7].

Во 1913 година, за време на Балканските војни, Коларово било освоено и запалено од грчката армија[8].

Бугарија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во селото се населиле бегалци од Егејска Македонија (главно од селата Горно Порој, Долно Порој и Липош, како и жители на повисоките села од планината Огражден[9].

Во 1916 година, професорот Васил Златарски, како учесник во научно-разузнавачката мисија во Македонија и Поморавје, во организација на седиштето на активната армија, го посетил селото. Во својот извештај до началникот на Генералштабот на активната армија, тој напишал дека Коларово е големо, поголемо турско село (200 турски и 100 бугарски куќи), но во времето на неговата посета немало Турци. Во нивните куќи веќе живееле бегалци од Горно Порој[10].

На 8 ноември 1948 година во храмот Свети Димитар бил убиен митрополитот Борис Неврокопски.

Во 1952 година било основано читалиштето Јане Сандански.[12]

Население[3][13][уреди | уреди извор]

Население на Коларово по попис[13]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 1321 1823 1929 2028 2073 2294 2335 2156 1880 1989
Национален состав на населението
од 2011 година[14]:
Националност Жители Процент
Бугари 1714 95,49%
Цигани 46 2,56%
вкупно 1795
Население по возраст
од 2011 година
[15]:

Институции[уреди | уреди извор]

  • Средно училиште „Васил Левски“

Знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Црква „Свети Димитар“
  • Црква „Свети Мина“
  • Црква „Света Недела“
  • Црква „Свети Илија“

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Коларово
Починати во Коларово

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 446. ISBN 954-90006-1-3.
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр.580 – 585.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 150 – 151.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 185.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 186 – 187.
  7. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 852
  8. Карнегиева фондация за международен мир. „Доклад на международната комисия за разследване причините и провеждането на Балканските войни“, София 1995, с. 298.
  9. „Енциклопедия Пирински край“. Том 1, Благоевград, 1995, стр.447.
  10. Петър Петров. „Пътуване на проф. В.Н.Златарски из Македония“. – Во: ВИС, г.60, 1991, кн.1, стр.73.
  11. Централен държавен архив, ф. 177 К (Министерство на народното просвещение), оп. 2, а.е. 18, л. 59.
  12. Енциклопедия „Пирински край“, том II. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1999. стр. 35. ISBN 954-90006-2-1.
  13. 13,0 13,1 „Справка за населението на с. Коларово, общ. Петрич, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04.
  14. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
  15. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
  16. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, София, 2006, стр. 23.