Ени Чифлик (Пиринско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ени Чифлик
Ново Кономлади
Ени Чифлик is located in Бугарија
Ени Чифлик
Ени Чифлик
Местоположба во областа
Ени Чифлик во рамките на Пиринска Македонија
Ени Чифлик
Местоположба на Ени Чифлик во Општина Петрич и Благоевградската област
Координати: 41°27′N 23°20′E / 41.450° СГШ; 23.333° ИГД / 41.450; 23.333Координати: 41°27′N 23°20′E / 41.450° СГШ; 23.333° ИГД / 41.450; 23.333
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаПетрич
Површина
 • Вкупна4.965 км2 (1,917 ми2)
Надм. вис.&10000000000000152000000152 м
Население (2015)
 • Вкупно134
 • Густина0,027/км2 (0,070/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2874
Повик. бр.074201

Ени Чифлик (денес Ново Кономлади) — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 16 километри североисточно од градот Петрич, на левиот брег од реката Струма. Селото се наоѓа на надморска висина од 152 метри. Атарот на селото зафаќа простор од 4.965 км2.

Историја[уреди | уреди извор]

Османлиско Царство[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Јени чифлик (Yéni-tchiflk) се состоело од 16 куќи, од кои 65 Македонци[1][2] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 56 жители, од кои 6 Турци и 50 Македонци[1][3].

Бугарија[уреди | уреди извор]

Споменик на Христо Цветков и револуционерите на Костурско во селото

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Поголемиот дел од населението на селото се населиле од селото Кономлади, Костурско, кое по крајот на Балканските војни било вклучено во составот на Грција. На 14 август 1934 година, името на селото било променето во Ново Кономлади[4].

Во 1985 година селото имало 302 жители. Во времето кога кмет на селото бил Андон Кузов, била изградена чешмата на селскиот плоштад и споменик на водачот на селото, Христо Цветков.

Кметови:

  • 1995–2007 – Андон Кузов
  • 2007–2015 – Александар Кобуров
  • од 2015 – Маријана Мурлева

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  2. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 138-139.
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 190.
  4. Мичев, Н и П. Коледаров, Речник на селищата и селищните имена в България 1878-1987, София 1989, с. 198.