Кукурахцево
Кукурахцево | |
---|---|
![]() Поглед на Кукурахцево | |
Местоположба во областа | |
Координати: 41°28′N 23°00′E / 41.467° СГШ; 23.000° ИГДКоординати: 41°28′N 23°00′E / 41.467° СГШ; 23.000° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Петрич |
Површина | |
• Вкупна | 8.942 км2 (3,453 ми2) |
Надм. вис. | 663 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 49 |
• Густина | 0,0.055/км2 (0,014/ми2) |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2882 |
Кукурахцево — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото Кукурахцево се наоѓа на 30 километри северозападно од Петрич. Селото се наоѓа на надморска висина од 663 метри, во планински регион на планината Огражден, во подножјето на Муратов Врв. Атарот на селото зафаќа површина од 8.942 км2. Луѓето од областа се земјоделци и претежно одгледуваат компири и тутун, како и во сточарството. Со секоја измината година, населението се намалува и повеќе заради лошата инфраструктура.
Историја[уреди | уреди извор]
Османлиско Царство[уреди | уреди извор]
Селото било основано непосредно по падот на Македонија под османлиска власт од страна на двајца браќа бегалци од градот Кукуш, денес во Грција. Според легендата, двајцата браќа имале многу убава сестра која била киднапирана и убиена од турски војници. Браќата се одмаздиле за неа, но Турците почнале да ги бркаат, бегајќи од Кукуш и наоѓајќи покритие во област во близина на сегашното село, подоцна наречено Бежонијте. Подоцна, двајцата браќа ги поделиле своите земји, едниот останал на местото на денешното село Чурилово и другиот во Кукурахцево.
Помеѓу двете села во XIX век бил изграден манастирот „Свети Ѓорѓи“, кој е најголемиот манастир на планината Огражден. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 382 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[1][2].
Население[1][3][уреди | уреди извор]
Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 118 | 139 | 161 | 147 | 152 | 128 | 86 | 64 | 46 | 49 |
![]() |
Бугарија[уреди | уреди извор]
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 186 – 187.
- ↑ 3,0 3,1 „Справка за населението на с. Кукурахцево, общ. Петрич, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04.
- ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
|