Камена

Од Википедија — слободната енциклопедија
Камена
Зимски поглед кон селото
Зимски поглед кон селото
Камена is located in Бугарија
Камена
Камена
Местоположба во областа
Камена во рамките на Пиринска Македонија
Камена
Местоположба на Камена во Општина Петрич и Благоевградската област
Координати: 41°22′N 23°4′E / 41.367° СГШ; 23.067° ИГД / 41.367; 23.067Координати: 41°22′N 23°4′E / 41.367° СГШ; 23.067° ИГД / 41.367; 23.067
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаПетрич
Површина
 • Вкупна12,408 км2 (4,791 ми2)
Надм. вис.&10000000000000840000000840 м
Население (2015)
 • Вкупно290
 • Густина23/км2 (61/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2878
Повик. бр.07423


Каменасело во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 15 километри западно од градот Петрич, полупланинска област во северниот дел на подножјето на планината Беласица, познато како Подгорје. Селото се наоѓа на надморска висина од 538 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 12.408 км2.

Сместено е во живописната област на западниот брег на реката Камешница. Соседни села се Самуилово и Јаворница. Климата е преодноо-средоземна со летни минимални и зимски максимални врнежи. Просечните годишни врнежи од дожд се околу 700 мм. Почвата е кафеава шума. Реката Струмица тече северно од село Камена.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото Камена е населба со богато историско минато. Во селото се пронајдени археолошки остатоци од неолитскиот период, антиката и средниот век. Остатоците од средновековна црква со големина 12/6,5 метри се сочувани на подрачјето Великденската црква (околу 1 км јужно од селото)[1].

Османлиско Царство[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во османлиски дефтер од 1570 година, 1606 и 1664-1665 година. Во првиот дефтер, селото се споменува под името Камена. Во истата година, во селото живееле 2 муслимански семејства и 55 христијански семејства[2].

Во текот на 19 век, селото било со мешано население и било во составот на Петричката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Камена (Camena) е село со 85 семејства со 103 Турци и 132 Македонци[3][4]. Населението се занимавало со земјоделство, сточарство, производство на масло од сусам, трговија со ориз и памук. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 330 жители, од кои 150 Македонци и 180 Турци[3][5].

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 176 македонски патријаршисти[3][6].

Бугарија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Население[3][7][уреди | уреди извор]

Население на Камена по попис[7]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011
Жители 404 445 604 554 495 445 392 356 288
Национален состав на населението
од 2011 година[8]:
Националност Жители Процент
Бугари 190 91,35%
Турци 11 5,29%
Цигани 7 3,37%
Вкупно 208
Население по возраст
од 2011 година
[9]:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Цветков, Борис. Селищната мрежа в долината на Средна Струма през Средновековието, IX – XVIII век, София, 2002, стр. 108.
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр.623-625.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148-149.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 186.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 186 – 187.
  7. 7,0 7,1 „Справка за населението на с. Камена, общ. Петрич, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04.
  8. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
  9. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.