Драгуш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Драгуш
Драгуш is located in Пиринска Македонија
Драгуш
Драгуш
Местоположба на Драгуш во Пиринска Македонија
Координати: 41°31′0″N 23°6′0″E / 41.51667° N; 23.10000° E / 41.51667; 23.10000Координати: 41°31′0″N 23°6′0″E / 41.51667° N; 23.10000° E / 41.51667; 23.10000
ДржаваБугарија
ОбластБлагоевград
ОпштинаПетрич
Површина
 • Вкупна1.649 км2 (637 ми2)
Надм. вис.&100000000000010170000001.017 м
Население (2015)
 • Вкупно32
 • Густина0.019/км2 (0.050/ми2)
Часовен појасEET
 • Лете (DST)EEST (UTC)
Повик. бр.07424

Драгушсело во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 32 километри северозападно од градот Петрич, во планински регион. Атарот на селото зафаќа простор од 1.649 км2. Селото се наоѓа на надморска висина од 1017 метри.

Историja[уреди | уреди извор]

Османлиско Царство[уреди | уреди извор]

Се верува дека селото било основано во XVIII век. Според легендата, селото го добило своето име според првиот доселеник - Драгуш (Драгош) од Берово, кој избегал од Турците и се населил во областа. Според други извори, селото било основано пред четири века од три семејства - од Берово, со Јуруците (денес во Грција) и Бараково[1].

Во текот на 19 век, селото било чисто македонско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Драгуш (Dragouch) е наведено како село со 25 семејства и 85 Македонци[2][3].

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 246 жители, сите Македонци[2][4]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 264 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[2][5].

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, две лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[6].

Бугарија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Германов, Стоян. Огражден във времето, София, 2019, с. 217.
  2. 2,0 2,1 2,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148-149.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 186-187.
  6. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 844