Чуричени

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чуричени
Чуричени is located in Бугарија
Чуричени
Чуричени
Местоположба во областа
Чуричени is located in Пиринска Македонија
Чуричени
Местоположба на Чуричени во Општина Петрич и Благоевградската област
Координати: 41°27′N 23°8′E / 41.450° N; 23.133° E / 41.450; 23.133Координати: 41°27′N 23°8′E / 41.450° N; 23.133° E / 41.450; 23.133
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаПетрич
Површина
 • Вкупна23.297 км2 (8,995 ми2)
Надм. вис.&10000000000000399000000399 м
Население (2015)
 • Вкупно149
 • Густина0,0.064/км2 (0,017/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2873
Повик. бр.074207

Чуриченисело во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Чурилово се наоѓа на 16 километри северозападно од Петрич, во планинска област, на јужните падини на Огражден, во подножјето на врвот Куковски чукар. Селото се наоѓа на надморска висина од 399 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 23.297 км2.

Историja[уреди | уреди извор]

Османлиско Царство[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во османлиски дефтер од 1570 година со името Чуричени. Во истата година, во селото живееле 3 муслимански семејства и 31 христијански семејства[1].

Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и било во составот на Петричката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Чоришене (Tchorichené) е наведено како село со 85 семејства и 334 Македонци[2][3]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 720 жители, сите Македонци[2][4]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 944 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, работело едно егзархиско училиште со 1 учител и 9 ученици[2][5].

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, десет лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[6].

Бугарија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Население[2][7][уреди | уреди извор]

Население на Чуричени по попис[7]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 610 815 973 779 632 543 409 267 167 149
Население по возраст
од 2011 година
[8]:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр.570-571.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148 – 149.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 186 – 187.
  6. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 888
  7. 7,0 7,1 „Справка за населението на с. Чуричени , общ. Петрич, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04.
  8. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2012-04-22. Посетено на 2012-03-18.