Марикостиново
Марикостиново — село во Општина Петрич, во околината на градот Петрич, Пиринска Македонија, југозападна Бугарија.
| Марикостиново | ||
|---|---|---|
| ||
| Координати: 41°45′N 23°25′E / 41.750°N 23.417°E | ||
| Земја | Бугарија | |
| Област | Петрич | |
| Општина | Благоевград (област) | |
| Надм. вис. | 433 м | |
| Население | ||
| • Селска | 1,283 | |
| Час. појас | EET (UTC+2) | |
| • Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | |
| Пошт. бр. | 2870 | |
| Рег. таб. | Е | |
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]
Селото Марикостиново се наоѓа во Светиврачко-петричката Котлина, на левиот брег на реката Струма. Оддалечено е 11 километри источно од општинскиот центат и најблизок град Петрич.
Потекло на поимот
[уреди | уреди извор]Според една легенда, девојка по име Марија од тој крај била прогонувана од Турците. Таа била заробена од разбојници во близина на денешното село Марино Поле и била убиена. Дивите животни ѝ го разнесле телото и на местото каде што нејзините роднини и ги откриле коските, настанало селото Маринокостиново.
Историја
[уреди | уреди извор]Маринокостиново е село со богато историско минато. Пронајдени се бројни археолошки остатоци од античкиот и средновековниот период. Во месноста Марена (околу три километри северозападно од селото) се пронајдени остатоци од античка тврдина.
Селото се споменува во османлиските даночни регистри од 1616-1617 и 1625 година.
Во XIX век Маринокостиново е село во рамките на Демирхисарската каза.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Марикостиново живееле 500 жители, сите Македонци.[1][2]
Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, Маринокостиново е дел од Мелничката каза. Христијанското население се состои 560 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
По Балканските војни во селото се населуваат Македонци од Валовишко (Демирхисарско) и Серско, претежно од селата Спатово, Кумлија и Рупел.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Демографија
[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2011 година, во селото живееле 1.283 жители, од кои 1.231 се запишани како Бугари, 4 Роми и 3 останати.[4]
На табелата е прикажан националниот состав на населението во градот:
| националност | број | % |
| Бугари | 1.231 | 95,9 |
| Роми | 4 | 0,31 |
| Турци | / | 0 |
| други | 6 | 0,46 |
| не се самоопределиле | / | 0 |
| не одговориле | 3 | 0.23 |
| Вкупно | 1.283 | 100 |
На табелата е прикажан бројот на населението во Марикостиново за периодот 1934-2011:[5]
| година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| население | 815 | 1278 | 1275 | 1396 | 1469 | 1416 | 1398 | 1370 | 1283 |

Општествени установи
[уреди | уреди извор]
- Основно училиште „Свети Кирил и Методиј“
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]| Оваа статија место во Пиринска Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| |||||||||||||||||||||
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 185. ISBN 954430424X.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 192 – 193.
- ↑ „"&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
- ↑ „Справка за населението на с. Марикостиново, общ. Петрич, обл. Благоевград“ (бугарски). Посетено на 2018-02-04.