Иваново

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Иваново
Иваново is located in Пиринска Македонија
Иваново
Иваново
Местоположба на Иваново во Пиринска Македонија
Координати: 41°32′0″N 23°7′0″E / 41.53333° N; 23.11667° E / 41.53333; 23.11667Координати: 41°32′0″N 23°7′0″E / 41.53333° N; 23.11667° E / 41.53333; 23.11667
ДржаваБугарија
ОбластБлагоевград
ОпштинаПетрич
Надм. вис.&10000000000000790000000790 м
Население (2015)
 • Вкупно8
Часовен појасEET
 • Лете (DST)EEST (UTC)

Ивановосело во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 38 километри северозападно од градот Петрич и на 40 километри западно од Свети Врач, во севериот дел на планината Огражден. Селото се наоѓа на надморска висина од 790 метри. Село Иваново се намира в северните склонове на планината Огражден. Соседни села на Иваново се Крнџилица и Драгуш.

Историja[уреди | уреди извор]

Османлиско Царство[уреди | уреди извор]

Според легендата, селото Иваново било основано пред повеќе од два века од жители на Берово, кои побарале прибежиште од некој турски насилник и нашле заштита недалеку од легендарниот Марков врв.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Иваново (Yvanovo) се состоело од 42 куќи од кои 172 Македонци[1][2] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 175 жители, сите Македонци[1][3]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 184 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[4].

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, две лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[5].

Бугарија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Пред одземањето со земјиштето, околу 360 луѓе живееле во селото и во соседната населба Занога. По 1960 година, населението масовно го напуштило селото. Голем дел од жителите на селото Иваново и нивните потомци денес живеат во градот Петрич и селото Парвомај.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  2. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148-149.
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.
  4. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 186-187.
  5. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 848