Богородица (Пиринско)

Координати: 41°31′N 23°11′E / 41.517° СГШ; 23.183° ИГД / 41.517; 23.183
Од Википедија — слободната енциклопедија
Богородица
Поглед кон Богородица
Поглед кон Богородица
Богородица is located in Бугарија
Богородица
Богородица
Местоположба во областа
Богородица во рамките на Пиринска Македонија
Богородица
Местоположба на Богородица во Општина Петрич и Благоевградската област
Координати: 41°31′N 23°11′E / 41.517° СГШ; 23.183° ИГД / 41.517; 23.183
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаПетрич
Површина
 • Вкупна13,517 км2 (5,219 ми2)
Надм. вис.&10000000000000490000000490 м
Население (2015)
 • Вкупно22
 • Густина1,6/км2 (4,2/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2875
Повик. бр.07424


Богородицасело во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на југоисточните падини на планината Огражден, на 20 километри северно од градот Петрич и на 20 километри југоисточно од градот Свети Врач. Климата е умерено-средоземна со летен минимум и зимски максимум на врнежите. Атарот на селото зафаќа простор од 13,517 км2. Селото се наоѓа на надморска висина од 490 метри.

Според пописот од 2015 година, селото има 22 жители.

Историја[уреди | уреди извор]

Среден век[уреди | уреди извор]

Селото Богородица има богата историја. Во околината на селото има остатоци од антички и средновековни населби.

Името на селото е поврзано со стар манастир посветен на Пресвета Богородица. Покрај тоа, во селото има остатоци од пет средновековни цркви: Света Петка, Свети Спас, Света Недела, Свети Илија и Свети Атанас.[1]

Османлиско Царство[уреди | уреди извор]

Според легендата, денешното село се појавило во 14 - 15 век. Селото се споменува во отомански дефтер од 1570 година под името Света Богородица. Во истата година, во селото живееле 91 христијанско домаќинство.[2] Во XIX век селото Богородица било во состав на Петричка каза на Серскиот санџак. Во текот на овој период, во селото се населиле Македонци од Штипско, Велешко и други места од Македонија.[3][4]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Богородица (Bogoroditza) имало 58 муслимани и 245 Македонци.[4][5]

Во 1884 година во селото била изградена црквата „Свети Илија“, која денес претставува културен споменик. Во црквата се наоѓаат вредни фрескописи од истата година, дело на браќата зографи Антон и Атанас, веројатно локални занаетчии.[3] Во 1891 година, Георги Стрезов напишал дека селото Богородица има 115 куќи и во него живеат 25 Турци и 90 Македонци.[4][6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 630 жители, сите Македонци.[4][7]

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 760 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[8]

Бугарија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Од 1951 година до 1995 година селото го носело името Сестрино.

Население[4][9][уреди | уреди извор]

Население на Богородица по попис[9]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 429 504 524 276 142 77 63 48 30 22
Население по возраст
од 2011 година
:[10]

Личности[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Цветков, Борис. Селищната мрежа в долината на Средна Струма през Средновековието, IX — XVIII век, София, 2002, стр. 84.
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр. 612-613
  3. 3,0 3,1 Енциклопедия Пирински край. Том 2, Благоевград, 1999, стр. 461.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148-149.
  6. Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 32.
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 188.
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 186-187.
  9. 9,0 9,1 „Справка за населението на с. Богородица, общ. Петрич, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04.
  10. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]