Маркови Кладенци
Маркови Кладенци | |
---|---|
Маркови кладенци | |
![]() Маркови Кладенци гледан од Долна Рибница | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.523 м |
Координати | 41°29′00″N 23°04′00″E / 41.4833°N 23.0667°E |
Друго име | Маркови кладенци |
Географија | |
Место | Петричко, Пиринска Македонија |
Матичен венец | Огражден |
Маркови Кладенци (бугарски: Маркови кладенци), ретко Кадиев Врв (Кадиев връх) — врв на планината Огражден сместен од страната на Петричко, Пиринска Македонија. Се издига на висина од 1.523 м на главното планинско било, југоисточно од врвот Билска Чука и западно од врвот Куковски Чукар. На југозапад од него се двои ридот Равнако, а на североисток е ридот Јаковска Планина. Врвот е заоблен со благи падини, сочинет од метаморфни карпи. Почвата е кафеава шумска и планинско-ливадска. Билото е голо, обраснато со тревна растителност. Падините се покриени со букови шуми (претежно од север), а на места се пошумени со бел бор. Врвот дава панорамски поглед во сите насоки.[1]
Име
[уреди | уреди извор]Името на врвот доаѓа од двата извора (денес пресушени) на југоисточното подножје кои се поврзани со народните преданија за Крали Марко.
Искачување
[уреди | уреди извор]Главно пристапно место за искачувањето на Маркови Кладенци е селото Првомај, каде по асфалтиран пат се доаѓа до јужното подножје. Од селото Долна Рибница започнува планинарска патека обележана со црвено, по која до врвот се стасува за 4 часа.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 549. ISBN 954-90006-1-3.