Билска Чука
| Билска Чука | |
|---|---|
| Билска чука | |
Поглед на Билска Чука од исток | |
| Највисока точка | |
| Надм. вис. | 1.644 м |
| Координати | 41°30′31″N 23°00′26″E / 41.5086°N 23.0073°E |
| Друго име | Билска чука |
| Географија | |
| Место | Петричко, Пиринска Македонија |
| Матичен венец | Огражден |
Билска Чука (бугарски: Билска чука) — врв на планината Огражден сместен од страната на Петричко, Пиринска Македонија. Со 1.644 м претставува највисок врв бугарскиот дел на Огражден. Се издига на главното планинско било и има куполест облик со заоблени падини. Сместен е северозападно од врвот Маркови Кладенци и југоисточно од врвот Голак со кој е поврзан преку мало седло. Сочинет е од метаморфни карпи, пртежно биотитски и лискунски амфиболити. Почвата е циметна шумски, на места излужена и еродирана. Падините на врвот се обраснати со стари букови шуми, а на места се покриени со бел бор.
Искачување
[уреди | уреди извор]Главно пристапно место за искачување на Билска Чука е селото Гега, од каде почнува планинарска патека обележана со црвено која води до поножјето на врвот (месноста Плетваро).[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 88. ISBN 954-90006-1-3.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Билска Чука во патопис за Огражден Архивирано на 30 мај 2008 г. (бугарски)

