Прејди на содржината

Куковски Чукар

Координати: 41°28′40″N 23°05′52″E / 41.4777° СГШ; 23.0977° ИГД / 41.4777; 23.0977
Од Википедија — слободната енциклопедија
Куковски Чукар
Куковски чукар
Куковски Чукар на карта

Карта

Највисока точка
Надм. вис.1.233 м
Координати41°28′40″N 23°05′52″E / 41.4777° СГШ; 23.0977° ИГД / 41.4777; 23.0977
Друго имеКуковски чукар
Географија
МестоПетричко, Пиринска Македонија
Матичен венецОгражден
Карта

Куковски Чукар (бугарски: Куковски чукар) — врв на планината Огражден сместен од страната на Петричко, Пиринска Македонија. Се издига на висина од 1.233 м на главното планинско било, источно од врвот Маркови Кладенци. На југозапад од него се одделува Крчанов Рид. На југоисток преку седлото Стојкови Корита се поврзува со врвот Кулата, а на Североисток преку седлото Премката со Илинкина Чукарка. Врвот има куполест облик. Западните, северните и источните падини се благи, а јужните се пострмни. Сочинет е од метаморфни карпи. Почвата е кафеава шумска. Билото на врвот е обраснато со планинска тревна растителност. Западните и северозападните падини се покриени со бел бор, а источните се зафатени со обработливи површини.

Низ северното и источното подножје на Куковски Чукар поминува асфалтен пат од селото Првомај за поранешниот планинарски дом „Маркови Кладенци“. Во источните пазуви е сместено маалото Куково на селото Чуричени.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 481. ISBN 954-90006-1-3.