Сатовча

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сатовча
İzglet 1 - panoramio.jpg
Сатовча is located in Бугарија
Сатовча
Сатовча
Местоположба во областа
Сатовча is located in Пиринска Македонија
Сатовча
Местоположба на Сатовча во Општина Сатовча и Благоевградската област
Координати: 41°37′N 23°59′E / 41.617° СГШ; 23.983° ИГД / 41.617; 23.983Координати: 41°37′N 23°59′E / 41.617° СГШ; 23.983° ИГД / 41.617; 23.983
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСатовча
Површина
 • Вкупна55,373 км2 (21,380 ми2)
Надм. вис.&100000000000010290000001.029 м
Население (2015)
 • Вкупно1.920
 • Густина0.035/км2 (0.090/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2950
Повик. бр.07541

Сатовчасело во Сватовчко, Пиринска Македонија, и административен центар на општината Сатовча на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Сатовча се наоѓа на 27 километри североисточно од Хаџидимово и на 30 километри источно од Неврокоп. Селото е планинско кое се наоѓа во подножјето на западните делови на Родопите на надморска висина од 1029 метри, во историко-географската област Чеч. Атарот на селото зафаќа површина од 55.373 км2.

Историja[уреди | уреди извор]

Рана и средновековна историја[уреди | уреди извор]

Голем број на антички некрополи и остатоци од античка и средновековна населба биле пронајдени околу селото и истите денес се прогласени за споменици на културата. Некропола од доцниот среден век е истражена во областа на Жидово. Пронајдени се материјали од римската ера и раниот среден век.

Во летото 1977 година, во близина на селото била пронајдена ризница од сребрени западноевропски и турски монети. Повеќето од монетите се ковани, што укажува дека тие биле наменети за накит. На монетите е пронајден и бакарен ѓердан[1].

Според легендата, Сатовча постоела пред падот на Македонија под османлиска власт под името Сватовица или Сатовица. Во околните области Крът, Жидово, Трапи, Мисалково, Скрибина, Радеви ливади и Грамада имало мали населени места. Мештаните се населиле во денешното село за поголема безбедност.

Името на селото веројатно потекнува од зборот суд (пчелна пита со мед) или од личното име Сато.

Османлиско Царство[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во османлиски извори уште од втората половина на XV век. во список на селата и бројот на немуслимански семејства во вилаетот Неврокоп од 13 мај 1660 година селото Сатовча (Сатовиче) е посочено како село, во кое живееле 60 немуслимански семејства.[2]

Во 1839 година, рускиот монах Партениј (Питер Агеев) поминал низ селото Сатовча, забележувајќи дека неговото име е „Сатовчу“ и неговото население е муслиманско, но зборувало бугарски јазик[3].[4] Во 1844 година била изградена црквата „Света Недела“, која денес е споменик на културата. Во 1873 г. било отворено првото црковно училиште, а во 1893 г. – егзархиско училиште.

Александар Синве („Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“) во 1878 година напишал дека во Саторшија (Satorchia), живееле 1000 Грци.[5]Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Сатофча (Satofcha) е наведено како село со 125 семејства и 200 Помаци и 180 Македонци[6] Во 1889 година Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал дека во селото имало 45 македонски и 80 турски куќи.[3][7]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Сатовче, на СИ од Неврокоп на 4 ч. Лежи во самиот Доспат. Околност шумска. Жителите се поголемиот дел дрводелци. Цо црквата се чета на словенски. 130 куќи, 90 Турци и 500 Бугари.[3][8]


На 11 мај 1892 година за прв пат во селото бил празнуван денот на Св. Кирил и Методиј. Во 1895 година бил основан комитет на ВМОРО.[9]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото живееле 650 Македонци и 832 македонски муслимани[10] во 200 помачки и 120 христијански куќи.[11] Според податоците на пописот за годините 1926, 1934, 1946 и 1956 година, населението во Сатовча било соодветно 1502, 1417, 1613 и 1787 души.[12]

Бугарија[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Население[уреди | уреди извор]

Население на Сатовча по попис
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 1417 1613 1787 2076 2231 2269 2405 2350 1944 1920
Етнички состав на населението
од 2011 година[13]:
Националност Население Процент
Бугари 1334 82,6%
Турци 26 1,61%
Роми 176 10,9%
Останати 10 0,62%
Неопределени 69 4,27%
Вкупно 1615
Население по возраст
од 2011 година
[14]:

Религија[уреди | уреди извор]

Мнозинството од населението на Сатовча (2/3) го практикува исламот. Во селото има џамија. Православните христијани сочинуваат 1/3 од населението во селото, а има и една православна црква, Света недела. Во последниве години, ромското население постепено паѓа под влијание на Евангелската протестантска црква. Во 2009 година, била изградена евангелска црква во циганската населба.

Општествени институции[уреди | уреди извор]

  • СУ „Св. Кирил и Методиј“
  • Државно шумско стопанство „Дикчан“
  • Полициска служба

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Празник на селото – 6 мај.

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Сатовча
  • Георги Шомов (1880 - 1923), деец на БЗНС.
  • Иван Попов – автор на книгата „Сатовчанските камбани“.
  • Илија Терзиев – учител по музика
  • Мехмед Бехчет Перим (1896-1965) - журналист и писател.
  • Петар Тодоров Селачки – учител, поет, писател и општественик

Литература[уреди | уреди извор]

  • Попов, Иван. Сатовчанските камбани. София: Св. Климент Охридски. ISBN 954-0712-55-6.  Второ допълнено издание. Янита ЯС, Казанлък, 2010. ISBN 978-954-343-069-7.
  • Народни песни от Долен и Сатовча. Сборник. Съставител и редактор Лъчезар Селяшки. Илия Терзиев предговор. Благоевград. ISBN 954-8653-14-1. 
  • Stiftung FVS. Verleihung des Europa-Preises für Volkskunst 1988 an die Musikkapelle und Volkstanzgruppe Algund (Südtirol) und die Frauen-Gesangsgruppe Satovcha (Bulgarien). Hamburg. 

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Юрукова, Й.. Открити монети. „Археология“ том  1-2: 130. ISSN 0324-1203. 
  2. Горозданова, Елена (2001). Архивите говорят № 13 – Турски извори за българската история. София: Главно управление на архивите при МС. стр. 294. ISBN 954-9800-14-8. 
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. Райчевски, Стоян (2004) [1998]. Българите мохамедани (II издание издание). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 15-16. ISBN 954-9308-51-0. 
  5. Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman: Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 48.
  6. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г. (II издание издание). София: Македонски научен институт. 1995. стр. 130-131. 
  7. Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 234-235.
  8. Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 11.
  9. Енциклопедия Пирински край, том II. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1999. стр. 236. ISBN 954-90006-2-1. 
  10. Кънчов, Васил (1996) [1900]. „Неврокопска Каза“. Македония. Етнография и статистика (II фототипно издание издание). София: Проф. М. Дринов. стр. 195. http://www.promacedonia.org/vk/vk_2_21.htm. 
  11. Кънчов, Васил (1970) [1894-1896]. „Неврокопската каза“. Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско. София: Наука и изкуство. стр. 274. http://www.promacedonia.org/vk_1/vk1_a_19.html. 
  12. Отдел „Статистика на населението“ (1960). Списък на населените места в НР България по съществуващо административно деление към 15 януари 1960 година с брой на населението от преброяванията през 1926, 1934, 1946 и 1956 години. София: Централно статистическо управление. стр. 16. 
  13. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“. Архивирано од изворникот на 2013-04-05. конс. 2012-03-18.  Unknown parameter |deadlink= ignored (помош); Unknown parameter |lang= ignored (помош)
  14. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“. Архивирано од изворникот на 2013-08-14. конс. 2012-03-18.  Unknown parameter |deadlink= ignored (помош); Unknown parameter |lang= ignored (помош)