ОУ „Видое Подгорец“ - Колешино
Видое Подгорец | |
|---|---|
Поглед на училиштето | |
| Место | |
| Општина: | Општина Ново Село |
| Наречено по: | Видое Подгорец |
| Нас. место: | Колешино |
| Адреса: | с. Колешино, бр. 88 |
| Местоположба | |
| Основни информации | |
| Основано: | 1951 |
| Настава на: | македонски |
| Контактни информации | |
Основно училиште „Видое Подгорец“ (во минатото: Основно училиште „Григор Прличев“; официјално: Основно општинско училиште „Видое Подгорец“ - Колешино; скратено: ООУ „Видое Подгорец“) — централно основно училиште во струмичкото село Колешино, Општина Ново Село.[1]
Училиштето е именувано по еден од најплодните македонски писатели Видое Подгорец.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото Колешино, веднаш до регионалниот пат Р1402 кој поминува низ селото.
Историја
[уреди | уреди извор]Училиштето започнало со настава во 1951 година, и тоа под името ЦОУ „Григор Прличев“.
Сегашната училишна зграда била изградена во 1969 година. Училиштето било реконструирано во април 2006 година, со донација на Норвешка и владата на Македонија. Во јуни 2006 година се вградило и парно греење со средства од Министерството за образование и Секторот за евроинтеграции при Владата на Македонија. Во јули 2006 година, училиштето го променило името во Видое Подгорец, во чест на големиот македонски писател, роден во Колешино.
Подрачни училишта
[уреди | уреди извор]Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:
- ПУ „Видое Подгорец“ - Мокриево, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; и
- ПУ „Видое Подгорец“ - Мокрино, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Натписна плоча кај влезот
- Влезот
- Дворот
- Дел од училиштето
- Библиотеката
- Спореден влез
- Поглед на училиштето
- Спортски игралишта
- Справи за вежбање
- Биста на Видое Подгорец
- Влезот
- Чешма
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-12-14.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
ОУ „Видое Подгорец“ - Колешино на Ризницата ?

