Прејди на содржината

Вилма Трајковска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вилма Трајковска
2ра Прва Дама на Македонија
На должноста
15 декември 1999  26 февруари 2004
Претходник Нада Глигорова
Наследник Јасна Црвенковска
Лични податоци
Роден(а) Македонија Македонија Колешино, Струмица, Македонија
Националност Македонка
Сопружник Борис Трајковски
Живеалиште Скопје, Македонија

Вилма Трајковска — поранешна Прва Дама на Македонија, сопруга на починатиот претседател на Република Македонија Борис Трајковски и активист во невладиниот сектор.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Вилма Трајковска е родена во Колешино, Струмичко. Средното образование го завршила во СУГС „Георги Димитров“ во Скопје. Таа е поранешна Прва дама на Република Македонија и сопруга на починатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. Работела во Дирекцијата за издавачки работи во НБРМ, каде ја вршела функцијата директор сè додека Дирекцијата не била укината[1]. Таа е и основач на ВИТРА, непрофитна и невладина фондација формирана во Република Македонија во 2001 год[2]. Со цел да ја афирмира жената и нејзината улога за сестран развој на општеството, Трајковска активно учествува на бројни форуми и конференции во Република Македонија и во странство. Била и покровител на Меѓународната конференција „Жените во 21-от век“ одржана во 2002 година во Охрид. Трајковска е основач на Меѓународната фондација „Борис Трајковски“. Мајка е на две деца.

  1. „Десетина директори од НБМ сменети од функциите“. Утрински Весник. Посетено на 2009-11-20.
  2. „Организатор“. ВИТРА. Архивирано од изворникот на 2008-12-06. Посетено на 2009-11-20.
Претходник
Нада Глигорова
Прва дама на Македонија
1999 - 2004
Наследник
Јасна Црвенковска