Маја Иванова
| Маја Иванова | |
|---|---|
| Маја Иванова во 2009 година | |
| 4. Прва Дама на Македонија | |
| На должноста 12 мај 2009 – 12 мај 2019 | |
| Претходник | Јасна Црвенковска |
| Наследник | Елизабета Пендаровска |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | Маја Тоневска 15 мај 1964 Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
| Националност | Македонка |
| Народност | Македонка |
| Сопружник | Ѓорге Иванов |
| Деца | Иван Иванов |
| Живеалиште | Скопје, Македонија |
| Установа | Правен факултет |
| Професија | Агенција за цивилна воздушна пловидба на Македонија |
| Вероисповед | Православие (МПЦ) |
Маја Иванова, моминско Тоневска (Скопје, 15 мај 1964 ) — сопруга на четвртиот македонски претседател Ѓорге Иванов и поранешна Прва дама на Македонија.
Животопис
[уреди | уреди извор]Иванова е родена во Скопје во 1964 година[1]. Деновите кога била ученик во Основното училиште „Кочо Рацин“, а подоцна и нејзините гимназиски денови, таа пишувала поезија. Таа напишала збирка поезија посветена на Скопје, за која ја добила престижната награда „13 Ноември". Иванова студирала на Правниот факултет во Скопје, и го завршила како дипломиран правник. Својата работна кариера Маја Иванова ја почнала во претпријатието „Интеримпекс“, а потоа почнала да работи како претставник на швајцарското фармацевтско претпријатие „Хофман ла Рош“. Кариерата ја продолжила во претставништвото на авиопретпријатието „Олимпик Ервејс“, а почнувајќи од 2001 година, таа била вработена во Агенцијата за цивилно воздухопловство. Таа била вработена во Агенцијата за цивилна воздушна пловидба на Македонија, каде што работела како советник. За време на претседателството на нејзиниот сопруг, таа имала активности во рамки на Црвениот крст на Република Македонија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-11-13. Посетено на 2013-02-28.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Биографија на Маја Иванова Архивирано на 15 септември 2009 г.
| Политички функции | ||
|---|---|---|
| Претходник Јасна Црвенковска |
Прва дама на Македонија 2009 – 2019 |
Наследник Елизабета Пендаровска |
| ||||||