Евангелско-методистичка црква (Колешино)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Евангелско-методистичка црква
Основни податоци
МестоКолешино, Општина Ново Село
ПрипадностЕвангелско-методистичка црква на Македонија
ЕпархијаСтрумица
Архитектонски опис
Завршен1967

Евангелско-методистичка црква — христијански храм кој се наоѓа во Колешино, Општина Ново Село.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата во селото била формирана во 1890 година. Во 1922 година Колешинската евангелско – конгрешанска црква, заедно со сите Евангелски цркви во Вардарска Македонија биле припоени кон Епископалната Методистичка црква во Кралство СХС.

Во 1968 година била изградена денешната црква и во неа има натпис од БиблијатаБог е љубов”. Евангелско – методистичката црква во Колешино денес на своите богослужби во недела наутро и попладне има од 80 до 100 посетители, а тој број за Велигден достигнува до 200. Во црквата се пеат стихови од Библијата со поддршка од музички инструмент[1].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]