Ананас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ананас
AnanasComosusOnPlant.jpg
Ананас,плодот на матичното растение
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Монокотиледони
Нерангирано: Комелиниди
Ред: Тревовидни
Семејство: Бромелии
Потсемејство: Ананаси
Род: Ананас
Вид: A. comosus
Биномен назив
Ananas comosus
(L.) Merr.
Синоними

Ananas sativus

Ананас (науч. Ananas comosus) — растение именувано според сличноста на изгледот со оној на шишарката. Станува збор за тропско растение со јадлив зрнест плод кое се збир од повеќе зрнести плодови, и нјисплатвливото од економска гледна точка растение во семејството бромелии. Aнанасите може да се одгледуваат со сечење на врвот на овошјето, со цветење по период од 20-24 месеци и плодност во наредните шест месеци. Ананасот не созрева значително по жетвата. Ананасите може да се јадат свежи и зготвени, конзервирани, исцедени, и се дел од голем број на оброци. Покрај за исхрана, на Филипините, листовите од ананасот се користат за производство на текстилно влакно- пиња кое, меѓу многуте употреби, се користи и како состав на хартијата за ѕид и мебел.[1]

Етимологија[уреди | уреди извор]

Ананас и напречен пресек на плодот.

Зборот ананас во англискиот јазик првпат било забележано во 1398 година кога првично се користело да се опишат репродуктивните органи на иглолисните растенија (сега се нарекуваат шишарки). Поимот „шишарка“ за репродуктивните органи на иглолисните дрвја првпат е забележан во 1694 година. Кога европските истражувачи го откриле ова тропско овошје во Америка, тие ги нарекле „ананаси“ ( прво се спомнуваат во 1664 година поради сличниот изглед со шишарките).[2][3]

Во научниот бином (науч. Ananas comosus), оригиналното име на овошјето доаѓа од зборчето на Тупските јазици- нанас,што значи „одлично овошје“ ,[4], и комосус „со туфни“ кое се однесува на стеблото на овошјето според записот на Андре Тевет во 1555 година. Другите членови на родот ананас, често се нарекуваат „шишарки“ како и во други јазици. На шпански, ананасите се нарекуваат пиња ("шишарка"), или анана (ананас) (пример: пијалокот Пина Колада).

Ботаника[уреди | уреди извор]

Цвет на ананас Ириомоте, Јапонија

Ананасот е повеќегодишно тревесто растение, кое расте од 1 до 1,5 метри во височина, но можат да се сретнат и повисоки примероци. По надворешноста, растението има кратко, ниско стебло со тврди, бледи листови. Кога ги создава своите плодови, обично дава плод од 200 цветови, иако некои големи овошни сорти можат да имаат и повеќе цветови. Откако ќе процвета, поединечните плодови на цветовите се сврзуваат заедно за да создадат плод кој се нарекува ананас.

Опрашување[уреди | уреди извор]

Плодот на ананасот во самиот почеток

Опрашувањето е потребно за формирање на семето, но присуството на семињата негативно влијае на квалитетот на плодот. На Хаваите, ананасот се одгледува на големи земјоделски површини, и од оваа причина увозот на колибри е забранет. Дивите ананаси ги опрашуваат лилјаци. Од оваа причина тие цветаат во текот на ноќта.


Кулинарски употреби[уреди | уреди извор]

Свеж ананас
Хранлива вредност по 100 г.
Енергетска вредност 209 кЏ (49.952.198.852.772 ккал)
Јаглехидрати 13.12 g
- Шеќери 9.85 g
- Влакна 1.4 g
Масти 0.12 g
Белковини 0.54 g
Тиамин (Вит. Б1) 0.079 мг (7%)
Рибофлавин (Вит. Б2) 0.032 мг (3%)
Ниацин (Вит. Б3) 0.5 мг (3%)
Пантотенат (Вит. Б5) 0.213 мг (4%)
Витамин Б6 0.112 мг (9%)
Фолат (Вит. Б9) 18 μг (5%)
Холин 5.5 мг (1%)
Витамин Ц 47.8 мг (58%)
Калциум 13 мг (1%)
Железо 0.29 мг (2%)
Магнезиум 12 мг (3%)
Манган 0.927 мг (44%)
Фосфор 8 мг (1%)
Калиум 109 мг (2%)
Натриум 1 мг (0%)
Цинк 0.12 мг (1%)
Link to USDA Database entry
Постотоците се според препораките за возрасни во САД
 Извор: База за хранливостUSDA

Месестиот дел и сокот од ананасите се користат во кујните ширум светот. Во многу тропски земји, ананасот се подготвува и се продава на патиштата како брз оброк. Тие се продаваат цели или на половина. Парчињата од ананас не се користат само за десерти како на пример во овошните салати, туку е и главна состојка во голем дел од солените јадења, на пример во хамбургерите и пиците. Мелениот ананас се користи за јогурт, џем, колачиња и сладолед. Сокот од ананас се служи како пијалок и исто така е главна состојка во коктелите како што е пинаколада.

Исхрана[уреди | уреди извор]

Суровиот ананас е одличен извор на манган (76% од дневно препорачана доза од една чаша) и витамин Ц (131 % од дневно препорачана доза од една чаша). Ананасот во своето стебло го содржи протеличкиот ензим, бромелин, кој ги разложува белковините. Ако содржи големо количество на бромелин, сокот од суровиот ананас може да се користи како маринада за месо и како зачин за смекнување. Ананасовите ензими можат да се користат и при подготовката на храна, како желе или други десерти чија основа е желатинот, но иститеможно е да се уништат за време на готвењето и конзервирањето. Присуството на бромелин во плодот е незначително, за разлика од стеблото. Поради оваа своја карактеристика бромелинот помага при варењето на храната.

Историја[уреди | уреди извор]

Приказ на Чарлс II на кого му е донесен првиот ананас одгледан на тлото на Англија (слика на Хендрик Данкерц од 1675 година).

Растението потекнува од Јужна Америка најверојатно во пределите меѓу Бразил и Парагвај, сепак важно е да се напомене дека малку се знае за потеклото на припитомениот ананас. Пикерсгил, 1976 година (Pickersgill, 1976). М.С.Бертони сметал дека канализационата мрежа на реките Парана-Парагвај да биде местото на потеклото на „ A. Comosus“. Домородците на јужниот дел на Бразил и Парагвај го шират ананасот низ Јужна Америка и тоа на крајот ги опфати Карибите, Централна Америка и Мексико, каде што се одгледувале од Маите и Ацтеките. Колумбо наишол на ананасот во 1493 година на Заветрените Острови, односно Гваделуп. Тој го нарекол „ piña de Indias“, со значење „шишарка на Индијанците“ и го донел назад со него во Европа, притоа правејќи го ананасот првата бромелија што ја напушти новиот свет.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. piña cloth – definition of piña cloth by the Free Online Dictionary, Thesaurus and Encyclopedia. Thefreedictionary.com. Retrieved on 2011-10-02.
  2. Oxford English Dictionary entries for pineapple and pine cones, 1971.
  3. History of the Pineapple.
  4. Davidson A. (2008) The Penguin Companion to Food. Penguin Books.