Прејди на содржината

Гаскарка

Координати: 40°38.31′N 22°51.26′E / 40.63850° СГШ; 22.85433° ИГД / 40.63850; 22.85433
Од Википедија — слободната енциклопедија
Гаскарка
Καλοχώρι
Поглед на Солун од лагуната на Гаскарка
Поглед на Солун од лагуната на Гаскарка
Гаскарка is located in Грција
Гаскарка
Гаскарка
Местоположба во областа
Гаскарка во рамките на Делта (општина)
Гаскарка
Местоположба на Гаскарка во Солунскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°38.31′N 22°51.26′E / 40.63850° СГШ; 22.85433° ИГД / 40.63850; 22.85433
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски
ОпштинаДелта
Општ. единицаЕхедор
Надм. вис.&100000000000000030000003 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно4.626
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.575 00
Повик. бр.+30-231
Шеталиштето на НП „Делта на Вардар“ во Гаскарка.

Гаскарка (грчки: Καλοχώρι, Калохори; до 1924 г. Κασκάρκα, Каскарка[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Делта во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 4.626 жители (2021).

Потекло на името

[уреди | уреди извор]

Името Гаскарка доаѓа од зборот гаска, т.е. гуска на солунскиот дијалект, и го опишува ова место како дом за многу вакви птици[3] — блатното подрачје на блиската делта на Вардар, Галик и Бистрица која денес е национален парк. Ова го потврдува и британскиот дипломат Вилијам М. Лик, кој минувал низ Гаскарка во почетокот на XIX век.

Со исто потекло е името на месноста Гаскарник кај струмичкото село Сарај, во која се наоѓаат остатоци од доцноантичка населба.

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото е се наоѓа во областа Вардарија, 8 км западно од градот Солун. Лежи на самиот брег на Солунскиот Залив, крај устието реката Галик. Атарот зафаќа површина од 32 км2.[4] Поради блискоста до Солун, се смета за негово своевидно предградие.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во општинските извори се тврди дека местото било ненаселено пред доведувањето на грчки дојденци,[3] но веројатно се работи за старо македонско (според Симовски можеби турско) село кое не се спомнува ниту од К’нчов, ниту од Мишев (Бранков). Симовски смета дека настрадало во Балканските војни, и затоа во 1913 г. е заведено како напуштено, што значи дека тука сепак имало населба пред грчките доселувања.[4] Во 1920 г. е пренаселено со Грци доведени од Турција и Бугарија, чиј број изнесувал 238. По 1922 г. дошле и други доселенички семејства, така што во 1924 г. селото нараснало на 228 семејства, од кои 160 биле од Источна Тракија, 56 од Бугарија, 10 од Мала Азија и едно семејство до Кавказ. Истата 1924 г. селото е преименувано во Калохори, што во превод значи „добро село“. Во 1928 г. селото веќе имало 1.005 жители, сите доселеници[4] (или 231 семејства со 913 жители според друг извор).[5]

Во наредните десетлетија населението продолжило да се зголемува, што се должи на поволната клима, блискоста до Солун, извршената мелиорација и плодноста на почвата.[4] Така, во 1940 г. Гаскарка имала 1.373 жители, накачувајќи се на 1.623 на пописот од 1951 г. Во 1961 г. се заведени 2.019, а во 1971 г. — 2.609 жители. Според пописот од 1981 г. во селото живееле 3.020 лица, а во 1991 г. бројот се накачил на 3.424.[4] Ова тежнеење продолжило и понатаму — 3.950 во 2001 и 4.672 жители во 2011 г.

Население

[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.373 1.623 2.109 2.609 3.020 3.424 3.950 4.672 4.626
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Во Гаскарка се произведуваат големи количества овошје, градинарски култури и жито, а прилично развиено е и краварството.[4]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κασκάρκα - Καλοχώριον
  3. 3,0 3,1 Страница за Гаскарка на порталот на општината Делта (грчки)
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 314.
  5. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]