Копач Дере (село)

Координати: 40°57′N 23°22′E / 40.950° СГШ; 23.367° ИГД / 40.950; 23.367
Од Википедија — слободната енциклопедија
Копач Дере
Копач Дере is located in Грција
Копач Дере
Копач Дере
Местоположба во областа
Копач Дере во рамките на Визалтија (општина)
Копач Дере
Местоположба на Копач Дере во општината Визалтија и областа Централна Македонија
Координати: 40°57′N 23°22′E / 40.950° СГШ; 23.367° ИГД / 40.950; 23.367
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСер
ОпштинаВизалтија
Општ. единицаВизалтија
Надм. вис.&1000000000000005000000050 м
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Копач Дере (познато и како Копач Маала) — поранешно село во Нигритско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Визалтија во областа Централна Македонија, Грција.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото било сместено во северното подножје на Богданската Планина, северозападно од гратчето Нигрита и околу 4 км западно од селото Копач, на надморска височина од 50 м.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век Копач Дере било турско село во Серската каза на Серскиот санџак. Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Копач Дере:

Копач Дере Маала, жителите се турски коњари, 3 часа од Нигрита.[2]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Копач Махала имало 110 жители Турци.[3]

Во Првата балканска војна Копач Дере е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 133 жители. Нивниот број во 1920 г. се зголемил на 148.[1]

Во 1923 г. турското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени малоазиски Грци со вкупно 48 бегалци, колку што броело селото во пописот од 1928 година. Бидејќи немало поволни услови за живот и училиште, селото било напуштено и неговите жители се иселиле во други села.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 236.
  2. Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 59.
  3. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 178. ISBN 954430424X.