Бисалтија
Бисалтија или Визалтија — област во Античка Македонија по долниот тек на реката Стримон. Населението Бисалти живеело западно и источно од Стримон, област населена од Одомантите и Едонците. Според најстарото сведоштво кај Херодот, така се нарекува областа околу градот Аргила (западно од Струма).[1] Тукидид ја спомнува во контекст на освојувањата на македонскиот крал Александар I Македонски и проширувањето на државата до Стримон.[2]
Населението што живеело во Бисалтија се именувало како Бисалти. Нивното населување на источниот брег на Струма се случува, најверојатно, со освојувачките походи на Александар I Македонски во V в. пне.
Во областа се наоѓаат градовите: Берга, неидентификуваниот град Адријанопол, градот Евпорија (го спомнува Стефан Византиски) и др.[3]
По Македонско-римските војни по 148 година, Бисалтија ѝ припаѓа на првата мерида.
Денешна општина
[уреди | уреди извор]По областа е именувана и општината Визалтија во Серскиот округ, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.
Наводи
[уреди | уреди извор]
|