Џинџос
Џинџос Σιτοχώρι | |
---|---|
Координати: 40°52.54′N 23°37.7′E / 40.87567° СГШ; 23.6283° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Визалтија |
Општ. единица | Тахино |
Надм. вис. | 100 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 350 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Џинџос (грчки: Σιτοχώρι, Ситохори; до 1928 г. Τζίντζος, Ѕинѕос[2]) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција. Населено е со погрчени Власи, наречени Карагуни, во изворите често нарекувани Грци.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во Серското Поле, југоисточно од Нигрита.
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чинчос (Tchintchos) било село со 108 домаќинства на 320 „Грци“.[3]
Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Џинџос:
„ | Џинџос: христијанско село; 1 црква, 8 часа и половина од градот.[4] | “ |
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Џинџос, 1 час на ЈЗ од Тахинос; 6 часа од Сер. Жителите имаат исто занимање како во Тахинос. Патот е рамен и прав. 90 куќи Карагуни. Грчка црква.[5] | “ |
На почетокот на XX век Џинџос било село во Серската каза на Серскиот санџак. Во 1900 г. според Васил К’нчов („Македония. Етнография и статистика“) в селото има 660 жители гърци.[6]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Џинџос (Ginjos) Живееле 600 „Грци“ и работело грчко училиште.[7]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Бидејќи настрадало во војните, таа година имало само 63 жители, но во 1920 г. во него се заведени 854 лица.[8] Според Тодор Симовски, во 1924 г. во Џинџос биле сместени 26 грчки дојденци.[8] Во 1928 г. селото е е преименувано во Ситохори.[9] Истата година во селото се попишани 1.114 жители.[8]
Населението се одржало стабилно сè до 1960-тите кога почнало забележително иселување во поголемите градови.[8]
Име | Грчки | Ново име | Грчки | Опис |
---|---|---|---|---|
Таушан Тепе[10] | Ταουσάν Τεπέ | Лагокорфи | Λαγοκορφή[11] | возвишение на С од Џинџос (69,4 м) и на ЈИ од Патрик[10] |
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1492 | 1397 | 1477 | 1162 | 979 | 846 | 623 | 531 | 350 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1762 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 122–123. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 60.
- ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 847.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 179. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 200–201.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 244. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ 10,0 10,1 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1042. 1968. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help)
|