Македонија. Етнографија и статистика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонија. Етнографија и статистика
mini
корица на книгата
АвторВасил Иванов К’нчов
Изворен насловМакедония. Етнография и статистика
ЗемјаБугарија
Јазикбугарски
ИздавачДржавна печатница - Софија
Издадена
1900
Етничка карта на Македонија од книгата на К’нчов

„Македонија. Етнографија и статистика“[1] е книга на бугарскиот географ и политичар Васил К’нчов. Отпечатена е на бугарски јазик во 1900 година во Софија и претставува прва целосна статистика на населението на Македонија објавена во Бугарија. Издавач е Бугарската академија на науките. Книгата е преведена и на француски јазик од Леон Ламуш.

Васил К’нчов долги години работел и предавал во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ во Солун и во Сер, а од 1894 до 1897 година бил главен училиштен инспектор на егзархиските училишта во Македонија. Патувајќи како инспектор, собирал информации на терен за населените места, за етничкиот и религиозен состав на населението, па користејќи и други дотогаш објавени студии и патописи за Македонија, ги објавил во оваа книга.

Во првиот дел од книгата К’нчов дава општи белешки за населението на Балканскиот Полуостров, историски осврт на етничката состојба и промените во етничкиот состав на Македонија во текот на историјата. Потоа пренесува неколку карти со негови коментари во врска со етнографските карти и описи на Франсоа Пуквил, Ами Буе, Август Гризебах, Павел Шафарик, Јосиф Милер, Виктор Григорович, Јохан Георг фон Хан, Гиом Лежан, Џорџина Макензи и Аделина Урби, Густав Вајганд, Хајнрих Киперт и други.

Во вториот дел наречен „Статистика“ дава подробен опис на сите населени места во Македонија по кази, на нивното население, етничкиот состав и религиозната припадност. Целото словенско население на Македонија К’нчов го именува како бугарско.

Етничка припадност[уреди | уреди извор]

К’нчов смета дека Бугарите претставуваат главен локален елемент во Македонија.[2] На второ место според него се Турците, а потоа се Грците и Арнаутите, кои главно ги населуваат јужните и западните покраини на земјата.[3]

Во неговата книга „Орохидрографија на Македонија“, К’нчов пишува дека Бугарите и Куцовласите самите себе се нарекуваат Македонци, а така ги нарекуваат и околните народи.[4]

Етничка припадност по вилаети[уреди | уреди извор]

Според К’нчов, етничката припадност на населението во Македонија по вилаети е следната:[5]

Вилает Бугари Хр. Бугари Мусл. Турци Черкези Грци Хр. Грци Мусл. Арнаути Хр. Арнаути Мусл. Власи Евреи Цигани Разни Вкупно
Солунски вилает 454.180 97.620 311.103 1.987 153.821 920 61 1.150 28.949 59.940 34.098 20.710 1.164.539
Скопски вилает 244.197 13.114 94.140 350 50 / 1.024 52.482 3.130 1.630 9.091 800 420.008
Битолски вилает 333.856 36.069 89.421 500 56.908 13.453 7.425 62.069 45.188 6.270 11.368 500 663.027
Вкупно во Македонија 1.032.233 146.803 494.664 2.837 210.779 14.373 8.510 115.701 77.267 67.840 54.557 22.010 2.247.574

Во проценти, етничката припадност по вилаети според К’нчов е:

Вилает Бугари Хр. Бугари Мусл. Турци Черкези Грци Хр. Грци Мусл. Арнаути Хр. Арнаути Мусл. Власи Евреи Цигани Разни Вкупно
Солунски вилает 39,00 8,38 26,71 0,17 13,21 0,08 0,01 0,10 2,49 5,15 2,93 1,78 100
Скопски вилает 58,14 3,12 22,41 0,08 0,01 / 0,24 12,50 0,75 0,39 2,16 0,19 100
Битолски вилает 50,35 5,44 13,49 0,08 8,58 2,03 1,12 9,36 6,82 0,95 1,71 0,08 100
Вкупно во Македонија 45,93 6,53 22,01 0,13 9,38 0,64 0,38 5,15 3,44 3,02 2,43 0,98 100

Етничка припадност по кази[уреди | уреди извор]

Според К’нчов, етничката припадност на населението во Македонија по кази е следната:[6]

Каза Бугари Хр. Бугари Мусл. Турци Черкези Грци Хр. Грци Мусл. Арнаути Хр. Арнаути Мусл. Власи Евреи Цигани Разни Вкупно
Солунски вилает 454.180 97.620 311.103 1.987 153.821 920 61 1.150 28.949 59.940 34.098 20.710 1.164.539
Солунска 27.164 / 31.978 / 33.761 (+3.000)[7] / / / / 55.000 3.553 8.500 159.956
Берска 6.267 / 7.800 / 14.976 / / / 7.890 500 1.700 / 38.633
Ениџе-Вардарска 24.789 12.170 9.485 40 25 / / / 274 90 1.827 60 48.760
Воденска 25.839 7.940 8.098 / / / / / 430 / 873 / 43.180
Гевгелиска 20.643 14.900 187 / / / / / 9.430 655 3.500 / 49.315
Тиквеш 26.575 17.961 2.076 / / / 24 / 122 / 535 / 47.293
Велешка 35.734 1.900 15.110 / / / / 1.150 500 / 710 / 55.104
Струмичка 23.602 / 14.930 / / / / / / 700 1.650 / 40.882
Дојранска 9.618 1.270 17.492 / / / / / / 160 1.048 / 29.588
Кукушка 21.468 / 19.928 / / / / / / / 1.782 / 43.178
Лагадинска 10.150 / 20.081 / 9.070 / / / / 150 1.025 / 40.476
Касандра / / 4.083 / 30.359 / / / / / / / 34.442
Света гора 1.100 / / / 4.500 / / / 250 / / 4.060 9.910
Серска 40.316 220 28.220 1.060 28.665 / / / 1.800 2.500 4.563 340 107.684
З'хна 16.290 / 6.260 / 14.005 / 37 / 710 / 1.205 3.900 42.407
Демир-Хисарска 30.890 1.150 14.690 650 350 / / / 2.165 / 1.575 / 51.470
Петричка 27.773 865 11.310 / / / / / 40 / 1.100 / 41.088
Мелничка 16.998 700 5.551 / 2.650 / / / 1.150 / 1.222 / 28.271
Горно-Џумајска 21.282 3.900 4.575 / 60 / / / 1.130 180 351 / 31.478
Разлог 23.100 8.870 80 / / / / / 650 / 650 / 33.350
Неврокопска 35.310 26.962 12.500 / / 620 / / 988 110 1.155 / 77.645
Драмска 9.092 10.502 26.450 50 4.600 / / / 127 150 3.613 150 55.877
Правишка / 500 9.050 / 6.900 300 / / / / 1.616 / 18.366
Кавалска / 2.710 12.370 / 3.700 / / / / 400 1.085 200 20.465
Сари-Шабанска 180 / 14.586 / 200 / / / 150 / 605 / 15.721
Скопски вилает 244.197 13.114 94.140 350 50 / 1.024 52.482 3.130 1.630 9.091 800 420.008
Скопска 34.862 2.455 17.024 30 50 / 150 9.032 450 800 2.469 800 68.122
Тетовска 31.897 1.554 15.680 / / / 874 27.793 50 / 1.661 / 79.509
Кумановска 34.191 500 6.150 300 / / / 6.166 50 30 1.034 / 48.321
Прешовска 27.678 / / / / / / 9.446 / / / / 37.124
Кратовска 19.385 / 3.805 / / / / / 340 / 320 / 23.850
Криво-Паланечка 24.162 / 2.500 / / / / / 220 / 690 / 27.572
Кочанска 20.736 / 11.820 20 / / / 45 2.020 / 1.402 / 36.043
Малешево 19.751 8.605 425 / / / / / / / 485 / 29.266
Штипска 22.492 / 25.675 / / / / / / 800 640 / 49.670
Радовишка 9.043 / 11.061 / / / / / / / 390 / 20.494
Битолски вилает 333.856 36.069 89.421 500 56.908 13.453 7.425 62.069 45.188 6.270 11.368 500 663.027
Битолска 88.811 2.446 14.370 200 / / 650 12.346 22.995 5.500 3.245 500 151.063
Прилепска 57.213 1.740 8.150 / / / / 3.525 745 / 1.773 / 73.146
Леринска 37.781 / 11.410 300 / / 2.344 2.000 3.424 20 2.746 / 60.025
Охридска 41.208 3.026 6.000 / / / 300 6.991 1.960 / 820 / 60.305
Кичевска 25.476 7.660 / / / / / 6.190 / / 264 / 39.590
Дебарска 15.438 10.292 3.380 / / / / 23.695 / / 700 / 53.505
Река 12.015 6.565 / / / / 3.221 3.738 / / / / 25.539
Костурска 46.783 4.340 3.925 / 9.415 175 910 3.434 4.280 750 1.010 / 75.022
Калјарска 7.916 / 27.155 / 1.800 / / / 1.730 / / / 38.601
Анаселичка 1.215 / / / 23.203 7.267 / / 534 / 340 / 32.559
Гревенска / / 500 / 13.717 4.871 / 150 9.220 / 270 / 28.728
Кожанска / / 14.531 / 8.773 1.140 / / 300 / 200 / 24.944
Вкупно во Македонија 1.032.233 146.803 494.664 2.837 210.779 14.373 8.510 115.701 77.267 67.840 54.557 22.010 2.247.574

Во проценти етничката припадност на населението по кази е следната:

Каза Бугари Хр. Бугари Мусл. Турци Черкези Грци Хр. Грци Мусл. Арнаути Хр. Арнаути Мусл. Власи Евреи Цигани Разни Вкупно
Солунски вилает 39,00 8,38 26,71 0,17 13,21 0,08 0,01 0,10 2,49 5,15 2,93 1,78 100
Солунска 16,98 / 19,99 / 21,10 / / / / 34,38 2,22 5,31 100
Берска 16,22 / 20,19 / 38,76 / / / 20,42 1,29 4,40 / 100
Ениџе-Вардарска 50,84 24,96 19,45 0,08 0,05 / / / 0,56 0,18 3,75 0,12 100
Воденска 59,84 18,39 18,75 / / / / / 1,00 / 2,02 / 100
Гевгелиска 41,86 / 30,21 0,38 / / / / 19,12 / 1,33 7,10 100
Тиквеш 56,19 37,98 4,39 / / / 0,05 / 0,26 / 1,13 / 100
Велешка 64,85 3,45 27,42 / / / / 2,09 0,91 / 1,29 / 100
Струмичка 57,73 / 36,52 / / / / / / 1,71 4,04 / 100
Дојранска 32,51 4,29 59,12 / / / / / / 0,54 3,54 / 100
Кукушка 49,72 / 46,15 / / / / / / / 4,13 / 100
Лагадинска 25,08 / 49,61 / 22,41 / / / / 0,37 2,53 / 100
Касандра / / 11,85 / 88,15 / / / / / / / 100
Света гора 11,10 / / / 45,41 / / / 2,52 / / 40,97 100
Серска 37,43 0,20 26,21 0,98 26,62 / / / 1,67 2,32 4,24 0,32 100
З'хна 38,41 / 14,76 / 33,03 / 0,09 / 1,67 / 2,84 9,20 100
Демир-Хисарска 60,02 2,23 28,54 1,26 0,68 / / / 4,21 / 3,06 / 100
Петричка 67,59 2,11 27,53 / / / / / 0,10 / 2,68 / 100
Мелничка 60,13 2,48 19,63 / 9,37 / / / 4,07 / 4,32 / 100
Горно-Џумајска 67,61 12,39 14,53 / 0,19 / / / 3,59 0,57 1,12 / 100
Разлог 69,27 26,60 0,24 / / / / / 1,95 / 1,95 / 100
Неврокопска 45,48 34,72 16,10 / / 0,80 / / 1,27 0,14 1,49 / 100
Драмска 16,27 18,79 47,34 0,09 8,23 / / / 0,23 0,27 6,47 0,27 100
Правишка / 2,72 49,28 / 37,57 1,63 / / / / 8,80 / 100
Кавалска / 13,24 60,44 / 18,08 / / / / 1,95 5,30 0,98 100
Сари-Шабанска 1,14 / 92,78 / 1,27 / / / 0,95 / 3,85 / 100
Скопски вилает 58,14 3,12 22,41 0,08 0,01 / 0,24 12,50 0,75 0,39 2,16 0,19 100
Скопска 51,18 3,60 24,99 0,04 0,07 / 0,22 13,26 0,66 1,17 3,62 1,17 100
Тетовска 40,12 1,95 19,72 / / / 1,10 34,96 0,06 / 2,09 / 100
Кумановска 70,76 1,03 12,73 0,62 / / / 12,76 0,10 0,06 2,14 / 100
Прешовска 74,56 / / / / / / 25,44 / / / / 100
Кратовска 81,28 / 15,95 / / / / / 1,43 / 1,34 / 100
Криво-Паланечка 87,63 / 9,07 / / / / / 0,80 / 2,50 / 100
Кочанска 57,53 / 32,79 0,06 / / / 0,12 5,60 / 3,89 / 100
Малешево 67,49 29,40 1,45 / / / / / / / 1,66 / 100
Штипска 45,28 / 51,69 / / / / / / 1,61 1,29 / 100
Радовишка 44,13 / 53,97 / / / / / / / 1,90 / 100
Битолски вилает 50,35 5,44 13,49 0,08 8,58 2,03 1,12 9,36 6,82 0,95 1,71 0,08 100
Битолска 58,79 1,62 9,51 0,13 / / 0,43 8,17 15,22 3,64 2,15 0,33 100
Прилепска 78,22 2,38 11,14 / / / / 4,82 1,02 / 2,42 / 100
Леринска 62,94 / 19,01 0,50 / / 3,91 3,33 5,70 0,03 4,57 / 100
Охридска 68,33 5,02 9,95 / / / 0,50 11,59 3,25 / 1,36 / 100
Кичевска 64,35 19,35 / / / / / 15,64 / / 0,67 / 100
Дебарска 28,85 19,24 6,32 / / / / 44,29 / / 1,31 / 100
Река 47,05 25,71 / / / / 12,61 14,64 / / / / 100
Костурска 62,36 5,78 5,23 / 12,55 0,23 1,21 4,58 5,70 1,00 1,35 / 100
Калјарска 20,51 / 70,35 / 4,66 / / / 4,48 / / / 100
Анаселичка 3,73 / / / 71,26 22,32 / / 1,64 / 1,04 / 100
Гревенска / / 1,74 / 47,75 16,96 / 0,52 32,09 / 0,94 / 100
Кожанска / / 58,25 / 35,17 4,57 / / 1,20 / 0,80 / 100
Вкупно во Македонија 45,93 6,53 22,01 0,13 9,38 0,64 0,38 5,15 3,44 3,02 2,43 0,98 100

Етничка припадност по градови[уреди | уреди извор]

Град Бугари Хр. Бугари Мусл. Турци Черкези Грци Хр. Грци Мусл. Арнаути Хр. Арнаути Мусл. Власи Евреи Цигани Разни Вкупно
Солун 10.000 / 26.000 / 16.000 / / / / 55.000 2.500 8.500 118.000
Битола 10.000 / 10.500 / / / / 1.500 7.000 5.500 2.000 500 37.000
Скопје 13.000 / 15.000 30 50 / 150 / 450 800 1.920 500 31.900
Сер 2.200 / 11.500 400 11.000 / / / / 2.500 500 / 28.100
Прилеп 16.900 / 6.200 / / / / / 480 / 960 / 24.520
Штип 10.900 / 8.700 / / / / / / 800 500 / 20.900
Велес 12.000 / 6.600 / / / / / 500 / 600 / 19.700
Тетово 8.500 / 9.000 / / / / 500 / / 1.200 / 19.200
Дебар 4.500 / / / / / / 10.500 / / 500 / 15.500
Охрид 8.000 / 5.000 / / / 300 500 460 / 600 / 14.860
Куманово 7.700 / 5.800 / / / / 600 50 30 350 / 14.530
Воден 7.000 / 4.000 / / / / / 30 / 40 / 11.070
Бер 350 / 6.500 / 2.000 / / / 300 500 850 / 10.500
Струмица 6.200 / 3.100 / / / / / / 700 160 / 10.160
Лерин 2.820 / 5.000 / / / 100 200 84 20 1.600 / 9.824
Ениџе-Вардар 4.000 / 5.100 / 25 / / / 24 90 30 60 9.599
Кавала / / 5.000 / 3.500 / / / / 400 400 400 9.500
Крушево 4.950 / / / / / 400 / 4.000 / / / 9.350
Драма 350 / 6.300 50 1.500 / / / 300 150 240 150 9.040
Кукуш 7.000 / 750 / / / / / / / / / 7.750
Петрич 2.450 / 4.600 / / / / / 40 / 100 / 7.190
Дојран 4.000 / 2.300 / / / / / / 160 320 / 6.780
Банско 6.500 / / / / / / / / / / / 6.500
Горна Џумаја 1.250 / 4.500 / 60 / / / 250 180 200 / 6.440
Радовиш 2.030 / 4.000 / / / / / / / 200 / 6.230
Неврокоп 850 / 5.000 / / / / / 190 110 65 / 6.215
Костур 300 / 1.600 / 3.000 / 300 / / 750 240 / 6.190
Негуш 1.500 / 800 / 3.500 / / / 300 / / / 6.100
Кожани / / 3.000 / 2.800 / / / 300 / / / 6.100
Кочани 2.800 / 2.600 / / / / 40 150 / 360 / 5.950
Валовиште 1.200 / 3.300 450 350 / / / 120 / 420 / 5.840
Кавадарци 1.940 3.000 / / / / / / 32 / 120 / 5.092
Разлог 3.200 1.460 80 / / / / / 30 / 200 / 4.960
Кичево 1.200 3.560 / / / / / / / / 84 / 4.844
Струга 3.000 / 1.000 / / / / 350 / / 220 / 4.570
Кратово 1.900 / 2.500 / / / / / / / 100 / 4.500
Ресен 2.400 800 30 / / / / 300 570 / 350 / 4.450
Крива Паланка 1.500 / 2.500 / / / / / 20 / 320 / 4.340
Мелник 500 / 950 / 2.650 / / / 30 / 200 / 4.330
Гевгелија 3.000 / 650 175 / / / / 120 / 230 / 4.175
Пехчево 700 3.300 / / / / / / / / 70 / 4.070
Гостивар 310 / 3.100 / / / / 100 25 / 200 / 3.735
Правишта / / 1.250 / 1.100 / / / / / 1.200 / 3.550
Гуменџе 3.150 / / / / / / / / / / / 3.150
Кајлар / / 3.000 / / / / / / / / / 3.000
Берово 2.300 600 / / / / / / / / 40 / 2.940
Лагадин 1.500 / 525 / / / / / / 150 250 / 2.425
Неготино 1.925 320 / / / / / / 90 / 60 / 2.395
Гребен / / 500 / 600 200 / / 150 / 100 / 1.550
Вкупно 187.775 13.040 187.835 1.105 48.135 200 1.250 14.590 16.095 67.840 20.599 10.110 568.574

Според некои статистики во периодот кога се спороведувал пописот на територијата на етнографска Македонија имало 49 градови. Најголем град во Македонија бил Солун, додека втор по големина бил Битола (најголем во Вардарска Македонија), а како најмал се наведува градот Гребен. Од етнички аспект, Македонците (според К’нчов 'Бугари') биле мнозинство во 23 града, со тоа што во три од нив, Кичево, Пехчево и Кавадарци доминирале Македонците муслимани. Турците сочинувале повеќе од половина од населението во 20 града, потоа Грците во 4, а Албанците и Евреите во по еден град.

Може да се забележи дека во 1900 година, главни и речиси подеднакво застапени етнички групи во македонските градови биле Македонците (200.815) и Турците (187.835), кои заедно живееле во 35 градови. Воопшто немало Македонци во Кавала, Кожани, Правишта, Кајлар и Гребен, додека не биле запишани Турци во градовите Дебар, Крушево, Кавадарци, Кичево, Пехчево, Гуменџе, Берово и Неготино.

Во најголем број Македонците биле запишани во Прилеп (16.900 ж.), Албанците во Дебар, Власите во Битола, а Евреите, Турците, Грците и Ромите во Солун.

Од вкупно 2.247.574 жители, бројот на градското население изнесувал 568.574 жители или 25.2 %, додека поголемиот дел или 1.679.000 жители, односно 74,8 % припаѓале на селското население.

Етничка припадност по кази согласно поделбата на Македонија од 1913 и 1919 година[уреди | уреди извор]

Ако се земе предвид поделбата на Македонија која настанала по Балканските војни и Првата светска војна, односно поделбата на Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија, етничката припадност на населението според податоците по кази на К’нчов би била следната:[8]

Бугари Хр. Бугари Мусл. Турци Черкези Грци Хр. Грци Мусл. Арнаути Хр. Арнаути Мусл. Власи Евреи Цигани Разни Вкупно
Егејска Македонија 307.240 39.532 270.600 2.100 208.019 13.753 3.291 5.584 33.284 59.560 29.588 17.210 989.761
Вардарска Македонија 600.530 65.974 190.548 737 50 / 5.219 110.117 38.882 7.990 20.491 4.800 1.045.301
Пиринска Македонија 124.463 41.297 34.016 / 2.710 620 / / 3.958 290 4.478 / 211.832
Вкупно во Македонија 1.032.233 146.803 494.664 2.837 210.779 14.373 8.510 115.701 77.267 67.840 54.557 22.010 2.247.574

Во проценти етничката припадност на населениeто би била:

Бугари Хр. Бугари Мусл. Турци Черкези Грци Хр. Грци Мусл. Арнаути Хр. Арнаути Мусл. Власи Евреи Цигани Разни Вкупно
Егејска Македонија 31,04 3,99 27,34 0,21 21,02 1,39 0,33 0,56 3,36 6,02 2,99 1,74 100
Вардарска Македонија 57,45 6,31 18,23 0,07 / / 0,50 10,53 3,72 0,76 1,96 0,46 100
Пиринска Македонија 58,76 19,50 16,06 / 1,28 0,29 / / 1,87 0,14 2,11 / 100
Вкупно во Македонија 45,93 6,53 22,01 0,13 9,38 0,64 0,38 5,15 3,44 3,02 2,43 0,98 100

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. Софија, 1900.
  2. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, Софија, 1900, с. 18.
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, Софија, 1900, с. 17.
  4. „Месните бугари и куцовласи, кои живет во пределите на Македонија се нарекуваат самите Македонци и околните народи ги нарекуваат така. Турците и арнаутите не се кажуваат Македонци, но запрашани од каде се, одговараат: од Македонија.” цитат од книгата “Орохидрография на Македония” - Васил Кънчов, Пловдив, Печатница Хр. Г. Данов, 1911 г.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, Софија, 1900, с. 281-283.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, Софија, 1900, с. 281-283. Во овој преглед на К’нчов недостигаат податоците од Серската каза, кои се придодадени во оваа табела од статистичките податоци на К’нчов за Серската каза.
  7. Дополнителната бројка е за две села населени со Грци, кои К’нчов не ги вклучил во пресметките.
  8. Во Егејска Македонија се вклучени следните кази: Солунска, Берска, Ениџе-Вардарска, Воденска, Кукушка, Лагадинска, Касандра, Света гора, Серска, З'хна, Демир-Хисарска, Драмска, Правишка, Кавалска, Сари-Шабанска, Леринска, Костурска, Калјарска, Анаселичка, Гревенска и Кожанска. Во Вардарска Македонија се вклучени следните кази: Гевгелиска, Тиквеш, Велешка, Струмичка, Дојранска, Скопска, Тетовска, Кумановска, Прешовска, Кратовска, Криво-Паланечка, Кочанска, Малешево, Штипска, Радовишка, Битолска, Прилепска, Охридска, Кичевска, Дебарска и Река. Во Пиринска Македонија се вклучени следните кази: Петричка, Мелничка, Горно-Џумајска, Разлог и Неврокопска.