Хункос
Хункос Χουμνικό | |
---|---|
Координати: 40°52′N 23°35′E / 40.867° СГШ; 23.583° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Визалтија |
Општ. единица | Тахино |
Надм. вис. | 150 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 132 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Хункос или Хумкос (грчки: Χουμνικό, Хумнико; до 1927 г. Χούμκος, Хумкос[2]) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција. Населението брои 132 жители (2021).
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во Серско Поле, околу 9 км југоисточно од гратчето Нигрита и на 4 км западно од селото Џинџос, на надморска височина од 150 м.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во XIX век Хункос било грчко село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Хумкос (Houmkos) имало 134 домаќинства со 25 жители муслимани и 390 жители Грци.[4]
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Хункос:
„ | Хункос е христијанско село; една црква, едно училиште; жителите се Грци; на растојание од 2 часа од Нигрита.[5] | “ |
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
„ | Хункос, село на исток од Нигрита, на растојание од 5 часа од Сер планината. Произведува добро грозје и задоволително вино. 120 грчки куќи.[6] | “ |
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Хункос имало 600 жители Грци.[7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Хункос имало 700 Грци и во селото работело грчко училиште.[8]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото 710 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 785 лица.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Хумнико (Χουμνικό).[2]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Населението одгледува тутун, жито и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарството.[3]
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.113 | 677 | 739 | 465 | 315 | 297 | 251 | 190 | 132 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во 1920 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 55,2 квадратни километри.[3] Општината Хункос била приклучена во општината Тахино во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Визалтија.
Селото припаѓа на општинската единица Тахино со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Визалтија, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Хункос, во кој влегува и селото Сајта.
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Цркви
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — парохиски храм, изграден во 1753 г.[9]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 23 јуни 2024.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 243.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 122–123. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 59.
- ↑ Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII-XXXVIII, 1891, стр. 846.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 179. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 200–201.
- ↑ Σκιαοαρέσης, Γεώργιος Ν. (2008). „Ο ναός του Αγίου Γεωργίου στο Χουμνικό Σερρών“ (PDF). Μακεδονικά 37. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-05-14. Посетено на 23 јуни 2024.
|