Прејди на содржината

Кастри (Нигритско)

Координати: 40°50′N 23°47′E / 40.833° СГШ; 23.783° ИГД / 40.833; 23.783
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кастри
Καστρί
Кастри is located in Грција
Кастри
Кастри
Местоположба во областа
Кастри во рамките на Визалтија (општина)
Кастри
Местоположба на Кастри во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°50′N 23°47′E / 40.833° СГШ; 23.783° ИГД / 40.833; 23.783
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаВизалтија
Општ. единицаЧеркезќој
Надм. вис.&1000000000000006500000065 м
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Кастри (грчки: Καστρί) — поранешно село во Нигритско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Визалтија во областа Централна Македонија, Грција.

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото било сместено во Серско Поле, југоисточно од Нигрита и околу 4 км јужно од селото Кучос, на надморска височина од 65 м.[1] Од селото денес е останата манастирската црква „Св. Архангели“ од 1854 г.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век Кастри било грчко село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Кастри (Kastri) имало 23 домаќинства и 75 жители Грци.[3]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Кастри, село на 1 час северозападно од Горно Крушево; заградено од Бешичка Планина, 9 12 часа пат. До селото е позната црква „Св. Архангел“, која е позната за својата чудотворна икона. 20 куќи.[4]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Кастри имало 150 жители Грци.[5] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Кастри (Kastri) имало 150 жители Грци. Во селото работело грчко училиште со 1 учител и 20 ученици.[6]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 114 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 102 лица. Во 1928 г. тоа броело 197, а во 1940 г. 211 лица. Селото се распаднало за време на Втората светска војна и не било обновено. Неговите жители се преселиле во соседното село Кучос.[1]

  1. 1,0 1,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 235.
  2. „Ιερός Ναός Μεγάλων Ταξιαρχῶν“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 21 јуни 2024.
  3. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 122–123. ISBN 954-8187-21-3.
  4. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII-XXXVIII, 1891, стр. 847.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 180. ISBN 954430424X.
  6. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 200–201.