Омур Беј
Омур Беј Καστανοχώρι | |
---|---|
Координати: 40°51′N 23°40′E / 40.850° СГШ; 23.667° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Визалтија |
Општ. единица | Черкезќој |
Надм. вис. | 110 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 88 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Омур Беј (грчки: Καστανοχώρι, Кастанохори; до 1922 г. Ομούρ Βέη, Омур Веј[2]) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција. Населението брои 88 жители (2021).
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се ноаѓа во северните падини на Орсова Планина, во Серско Поле, околу 16 км југоисточно од гратчето Нигрита, на надморска височина од 110 м.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Селото првично било сместено на неколку километри јужно од денешната местоположба, високо на Орсова Планина. Ова село се нарекува Стар Омур Беј (Παλαιό Καστανοχώρι) или Горен Омур Беј (Άνω Καστανοχώρι). Од селото денес се зачувани црквите „Рождество на Пресвета Богородица“ од XVIII век и „Св. Атанасиј“ од XIX век[4], како и остатоците на некогашната чешма од XVIII век.
Во XIX век Омур Беј било грчко село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Умур Беј (Oumour bey) имало 54 домаќинства и 170 жители Грци.[5]
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Омур Беј:
„ | Омур Беј: христијанско село; 1 црква, на 7 часа од градот, жителите се Грци.[6] | “ |
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
„ | Амур бег, село на кратко растојание од врвот на Бешичка Планина со ладна вода и густа шума. Се наоѓа на 3⁄4 час на југоисток од Ежово; од Сер 8 часа. Патот штом се доближиш до селото станува труден и стрмен. Немајќи земја за работа, селаните се распрснале по околните села. 30 грчки куќи.[7] | “ |
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Омир Беј имало 590 жители Грци.[8] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Умурбег имало 685 Грци. Во селото работело грчко училиште со 1 учител и 32 ученици.[9]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 507 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 417 лица.[3] Во 1922 година, името на селото било променето во Кастанохори (Καστανοχώρι), во превод „костеново село“.[2]
За време на Граѓанската војна (1947-1949) селото наполно настрадало и било напуштено од своите жители, поради што во пописот од 1951 г. е заведено како напуштена населба. По крајот на војната селото е подигнато на околу 5 км на север од поранешната местоположба, во близина на Ежово.[3]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Населението одгледува тутун, жито и други земјоделски производи, а посебно костени, со кои обилува ридско-планинскиот атар на селото. Внимание му се посветува и на сточарството.[3]
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 505 | 0 | 380 | 259 | 197 | 177 | 153 | 122 | 88 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во 1919 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 47,9 квадратни километри.[3] Општината Омур Беј била приклучена во општината Черкезќој во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Визалтија.
Селото припаѓа на општинската единица Черкезќој со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Визалтија, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Омур Беј, во кој е единствено село.
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Цркви
- Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква, изграден во 1955 г.
- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ — изградена во XIX век во старото село, обновена во 1987-1989 г.
- Црква „Св. Атанасиј“ — изградена во XVIII век во старото село, обновена во 1987-1989 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 20 јуни 2024.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 239.
- ↑ „Ιερός Ναός Αγίου Αθανασίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 20 јуни 2024.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 122–123. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 166.
- ↑ Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII-XXXVIII, 1891, стр. 848.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 181. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 200–201.
|